Квалитетот на екипите кои учествуваат во натпреварувањето во мал фубал на Работничките спорски игри во Берово, денес донесоа четири утакмици со нерешен резултат.Борбеноста и желбата за победа на екипите уште еднаш се покажа на теренот во спортката сала „Македонски бранители“ во Берово.Заинтересираноста на граѓаните за следење на мал фудбал е огромна уште на стартот на турнирот, а доказ за тоа се преполните трибини до самиот финиш на натпреварувањето.
Екипата на Беровски Роми ја забележаа првата победа на турнирот со убедливи 5:0 против тимот на ЈПКР Услуга, додека нај неизвесно беше помеѓу екипите на Приватни фирми и Образование, каде со прекрасни голови и на двете страни резултатот на крајот заврши 3:3.
Еве ги и денешните резултати од третото коло:
17:00 ч. МВР Полиција – Национални шуми и Пилани 2:2
17:30 ч. Гранична Полиција – Фагус 2:0
18:00 ч. АРСМ Гарнизон Штип – Угостители и Обложувалници 1:1
18:30 ч. ЈПКР – Беровски Роми – 0:5
19:00 ч. Приватни фирми – Образование 3:3
19:30 ч.Труд и Социјала и Суд – Општина Берово 0:0
Следното четврто коло на Работничките спортски игри ќе се одржи во четврток на 17.03.2022 година со почеток од 17 часот.