Денеска, во периодот од 08 до 10 часот, Територијалната противпожарна единица, од Берово, во соработка со брзата помош од ЈЗУ Здравствен дом Берово, изведе тактичко показна вежба, техничка интервенција при симулација на сообраќајна несреќа.
Учесници на настанот беа вработените во ТППЕ Берово, а имаа можност да ја проследат и волонтерите кои неодамна, преку проектот ,,Волонтери преку граница”, беа на обука во Бугарија.
Целта на изведбата на тактичко показната вежба, е подигање на свеста, особено кај младата популација, за совесно возење, координација помеѓу институциите на локално ниво и пренесување на порака за грижа за сопственото здравје и безбедност.