СО ФРАНЦУСКА ДОНАЦИЈА ЌЕ СЕ УНАПРЕДУВА ПРОТИВПОЖАРНАТА ЗАШТИТА ВО БЕРОВО

СО ФРАНЦУСКА ДОНАЦИЈА ЌЕ СЕ УНАПРЕДУВА ПРОТИВПОЖАРНАТА ЗАШТИТА ВО БЕРОВО
февруари 10 15:38 2022

Во рамките на активностите на општина Берово, за унапредување на противпожарната заштита, вчера, градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски,  оствари средба со претставници од Француската асоцијација,, Working  together”, која  се занимава со волонтерство , поддршка и  унапредување на противпожарната заштита.

Во рамките на средбата, разговараа за пожарите кои ја зафатија Малешевијата, изминатиот период, за опремата со која располага територијалната противпожарна единица и  за можностите за остварување соработка .

Како што истакна Laurent Roullon, претставник на асоцијацијата  ,, Working  together”, оваа асоцијација е присутна и помага во Македонија, во делот на противпожарната заштита, од 2009 година и се што работи, работи со посредништво со Француската амбасада во Македонија. Моментално се на посета во Македонија, во повеќе градови и имаат за донирање неколку противпожарни возила,  кои ќе бидат донирани во текот на месец јуни, во неколку градови.

Волонтерот во асоцијацијата, Jean-Rierre Fleurance, кој воедно е технички советник за возила и за пумпи, пожарникар со 42 годишно работно искуство,  истакна дека, во противпожарната заштита е многу важно,  правилно да се користи опремата и од тие причини, веднаш по доделување на опремата, неколку обучени лица од Франција, ќе извршат обука на беровските пожарникари, за сите можности кои ги нуди опремата и начинот на кој истата се користи.

Градоначалникот Пекевски упати срдечна благодарност, што  токму Берово е одберено за донирање на опрема, додаде дека очекува успешна соработка и ќе обезбеди се што е потребно како логистичка поддршка за опремата успешно да пристигне во Македонија, додавајќи дека донираната опрема во значителна мера ќе ја унапреди работата на ТППЕ Берово.

Претставниците од француската асоцијација, заедно со градоначалникот ја посетија територијалната противпожарна единица во Берово, каде што со пожарникарите разговараа за работата на единицата, за ресурсите со кои располага единицата и за реалните потреби и проблемите со кои се соочуваат.

Благодарност до присутните преставници од француската асоцијација, изрази и командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски, кој ја посочи потребата од обуки на пожарникарите, како неминовна, во насока на унапредување во противпожарната заштита, истакнувајќи дека територијалната противпожарна едница од Берово ќе ги стави сите свои ресурси на располагање,  за успешно воспоставување на соработката и за унапредување на услугите на локално ниво.

  Категории: