По повод денешниот христијански празник Св.Никола, сопственикот на ресторанот „Мис Стон“, во малиот групен дом за деца без родители, додели скромни подароци, пакетчиња како и телевизор за потребите на дечињата кои престојуваат во домот. Како што вели сопственикот на ресторанот, овој чин веќе подолги години на големиот православен верски празник кој е од големо значење за неговата фамилијата го практикува, а целта на овој хуман гест е да се запази симболиката на делата на Свети Никола и да им се помогне на оние кои имаат потреба и да им се донесе барем малку светлина во нивниот живот.
– На овој ден кој е значаен за мене и моето семејство, сакам да помислиме на сите на дечињата бидејќи, токму заради чудата и добрите дела кои ги правел светецот Свети Никола, почитуван меѓу нашиот народ, асоцира на хуманост, помош на оние кои немаат, на сиромасите, болните, ширење на радост и среќа на оние кои ја немаат. Скромните поклони за овие дечиња од Малиот групен дом во Берово, верувам дека барем малку ќе ги израдува нивните лица, а воедно сакам на сите кои го слават денешниот голем христијански празник, да им посакам здравје, среќа и благосостојба и нека им е вечно името – рече Стојан Кракутовски, споственик на ресторанор „Мис Стон“ – Смојмирово.
Хуманата дејност на Кракутовски и реторанот „Мис Стон“ е препознатлива во Малешевијата не само на овој ден, неговата мисија е секогаш добредојдена за многу луѓе кои имаат потреба од било каква помош.