СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БЕРОВО ДОНЕСЕ ОДЛУКА НА СОГЛАСНОСТ ЗА ПРЕФРЛАЊЕ НА СРЕДСТВА ОД ОБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ И ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО ОПШТИНСКИОТ БУЏЕТ.

СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БЕРОВО ДОНЕСЕ ОДЛУКА НА СОГЛАСНОСТ ЗА ПРЕФРЛАЊЕ НА СРЕДСТВА ОД ОБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ И ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО ОПШТИНСКИОТ БУЏЕТ.
април 27 17:49 2021

На денешната седница на Советот на Општина Берово, беше донесена одлука на согласност за префрлување средства од сметките на образовните институции и Домот за стари лица во општинскиот буџет.Со вкупно 9 гласови за и 5 против беше донесена согласноста за префрлување на 12 милиони и 100 илјади денари.

Градоначалникот Пекевски информираше дека овие средства дополнително ќе се распределат на некоја од идните седници на Советот на општина Берово, кога ќе има предвидено точка за ребаланс на буџетот, со што ќе има расправа за кои намени и буџетски програми ќе бидат распределени средствата.За да бидат трансферирани овие средства додаде Пекевски, претходно треба да се добие позитивно мислење од Владата на Македонија во утврдена законска постапка.

-Средствата ќе се распределат на некоја од идните седници на Советот на општина Берово, во која ќе има точка измени и дополнувања на буџетот на општината или познато меѓу народот ребаланс на буџетот и тогаш ќе расправаме за нивната намена, или буџетски програми каде ќе бидат предвидени овие средства за реализација во следниот период.Одлуката е доставена до надлежните институции, па зависно од исходот во кој ќе се произнесат соодветните институции, ќе биде или нема да биде на снага самата одлука.Средствата се 12.100 000 денари, кои на денешната седница на совет се донесени како одлука за префрлање, меѓутоа за да бидат истите префрлени, претходно треба да добиеме позитивно мислење од Владата на Македонија во утврдена законска постапка и за истите ќе расправаме во тој момент кога ќе бидат целосно согласно со закон ставени на располагање на Општината во следниот период, до истекот а оваа фискална година до 31.12 2021 година, онака како што и самиот закон предвидува – рече Пекевски.

Советниците на опозициската ВМРО ДПМНЕ пак за оваа точка гласаа против, додавајќи дека со префрлањето средствата кои остануваат на сметките на образовните институции и Домот за стари лица во Берово се премалку за реализирање на нивните проекти и активности.

-Почитувани граѓани на Општина Берово, советничката група на ВМРО ДПМНЕ ве информираме дека на денешната седница гласавме против одлуката на давање согласност за префрлување на средства, од сметката блок дотација на сметката на основниот буџет на Општина Берово, од причина што средствата кои што остануваат во Основното и Средното образование како и во Домот за стари лица, сметаме дека истите се многу малце, за реализација на нивните активности како и за реализација на проектите кои се од интерес и на професорите и на учениците, но и на најранливите категории а тоа се старите лица.Тоа беше наш став и затоа гласавме против донесување на таква одлука – рече Драган Мустачки од советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Инаку опозициската ВМРО ДПМНЕ на вчерашниот прес го обвини градоначалникот за вршење мобинг и притисоци врз одредени директори , токму поради оваа точка, со што сметаат дека тоа е непотребно, а постои можност според нив истите да бидат искористени во кампања за престојните Локални избори, а исто така тие средства би биле потребни и за најавеното дигитализирање на образованието од септември оваа година.

  Категории: