СОВЕТНИЦИТЕ ЕДНОГЛАСНО ЈА ПОДРЖАА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈЕ ВО ЧЕСТ НА ВЕРИЦА БЕЛЧОВСКА.

СОВЕТНИЦИТЕ ЕДНОГЛАСНО ЈА ПОДРЖАА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈЕ ВО ЧЕСТ НА ВЕРИЦА БЕЛЧОВСКА.
април 27 18:52 2021

Сите советници на денешната седница на Советот на Општина Берово, ја подржаа иницијативата на Благој Механџиски – Зегин поддржана од порталот Малеш Нет, за поставување на спомен-обележје и именување на центарот на село Русиново со името на Верица Белчовска.

Претседателот на беровскиот совет Јован Матеничарски, истакна дека иницијативата е разгледана и се донесени заклучоци да започне постапката за законско изведување на оваа иницијатива со доставување на истите до надлежните одделенија во општината.

-Разгледана е иницијативата од страна на советот и донесени се заклучоци да се препратат до надлежните одделениа на општината,урбанизам и комунални дејности, за да започне постапката согласно иницијативата за да се изведе законски иницијативата.Сакам да помогнемекомплетно да се реализира иницијативата на Зегин и порталот Малеш Нет – додаде Матеничарски.

Иницијативата зад која стои Благој Механџиски- Зегин и која беше поднесена преку порталот Малеш Нет, предвидува во селото Русиново да се подигне спомен обележје на 20 годишната Верица Белчовска која го загуби животот откако во неа удри автомобил, а исто така мегданот на селото да го носи нејзиното име.

Големиот хуманист Балгој Механџиски – Зегин во оваа иницијатива предвидува освен уредување на плоштадот во Русиново, таму да финансира и и дупчење на бунар со длабочина од 460 метри од кој ќе се добива „жива“ вода, (планинска и квалитетна вода) која ќе ја користат селаните.

На денешната седница на Советот на Општина Берово, исто така позитивно со сите гласови ЗА, беше поддржана и втората иницијатива поднесена од порталот Малеш Нет, во која се предвидува достојно обележување и поставување спомен – обележје во чест на нашиот херој Дедо Иљо Малешевски.

  Категории: