Групата Јорум од Турција, е група која преку музика го изразува револтот на народот, ги опејува народните херои кои се бореле против империјализмот, капитализмот и домашната буржоазија.
Групата е формирана во 1985 година и до денес преку музика ја коментира политичката состојба во државата исто така промовирајќи ги нивните политички погледи. Груп Јорум не е класична група која одржува само концерти, туку со својата музика учествува на протести, штрајкови и укупации на универзитети и фабрики.
Концертите на Груп Јорум често биле забранувани, членовите приведувани и апсувани, а забранета била и продажбата на касети и ЦД-а, поради што во песните се опеани борци од радикалните леви групации во Турција.
Музиката на групата пренесува силни пораки за антиимперијалистичката борба, за убиствата во турските затвори, за политички мотивираните смртни казни, за слободниот свет…
Во 2006 година, на 10 месеци затворска казна е осудена девојка која во својот дом слушала песна од Јорум, под обвинение дека шири терористичка пропаганда.
Групата има две крила, крило кое дејствува во Турција, поради тоа што на членовите им е забрането да излегуваат од државата и крило кое дејствува во Европа, поради тоа што им е забрането да влегваат во државата. Европското крило на 09.06.2018 година, одржа концерт во Софија во знак на поддршка на другарите кои се во затвор, на кој концер јас присуствував.
Од 2018 година, 10 членови на групата се во затвор, а за шест се води потрага, лудилото отиде до таму што, државата предвидуваше награда за оние кои ќе го кажат местото на членовите на групата, исто така веќе три години нивните концерти се забранети во Турција.
Што се случи подоцна?
Двајца од членовите на групата, поточно Хелин Болек и Ибрахим Гокчек го отпочнаа нивниот „смртен пост“ – штрајк со глад. Смртниот пост е мотод на отпор кој особено го користат турските социјалистички борци. Немајќи друг начин како да им биде слушнат гласот, тие се одлучуваат на овој чекор, жртвувајќи се себеси за правда и спас на нивните соборци.
Нивните барања беа, да се отстрани забраната за одржување на концерти, да се ослободат сите членови на групта од затвор и да се прекине прогонот кон нив. Хелин Болек со глад штрајкуваше 288 дена, а Ибрахим Гокчек се уште штрајкува и е во 291 ден од штрајкот.
Денес, на 03.04.2020 почина Хелин Болек, неа ја уби неправдата и репресивниот државен апарат, за кого смртта на човек е само статистика.
„Смртта е заробена во нас, а ние во љубовта
Во нашата душа, има уште многу место за болка
Ако долгот на нашата љубов е животот,
Тогаш земи го и овој живот, нека биде твој.
Покрај сите змии ние одевме,
Одевме без да застанеме.
Ние на планините се качивме за пролет,
Заедно го научивме другарството.
Оваа песна ја пеевме братски и другарски
Нека стои подалеку од нас кукавичлукот!“
Пишува: Џејлан Велиу
Извор: glasnik.mk