СЛОБОДНА ТРОТОАРСКА ПОВРШИНА, ЗНАЧИ БЕЗБЕДНИ ПЕШАЦИ, ПАРКИРАЈТЕ ПРАВИЛНО

СЛОБОДНА ТРОТОАРСКА ПОВРШИНА, ЗНАЧИ БЕЗБЕДНИ ПЕШАЦИ, ПАРКИРАЈТЕ ПРАВИЛНО
јануари 27 19:19 2023

Почитувани граѓани на Општина Берово,

Динамиката на модерното живеење, го прави сообраќајот еден од клучните сегменти во севкупното општествено живеење.

Во таа смисла, слободна тротоарска површина пред вашите домови, е од особено значење, со цел непречено движење на пешаците, особено во вечерните часови. Ова особено е важно ако се земат во предвид, потребите на повозрасната популација граѓани и особено на потребите на граѓаните кои имаат некакви пречки.

Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија” бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19, 302/20 и 122/21), член 63, став 1

Возачот, односно сопственикот на возилото, не смее да го запре или паркира возилото, на место на кое тоа би ја загрозувало безбедноста на другите учесници во сообраќајот или би претставувало пречка за нормално одвивање на сообраќајот или за движењето на пешаците и велосипедистите.

член 66, став 1

Возачот, односно сопственикот на возилото не смее да запре или паркира возило особено:

-на тротоар, односно пешачка патека, ако тоа не е изречно регулирано со сообраќаен знак.

Она што ќе биде примарен фокус на надлежните, согласно законската регулатива, во следниот период, ќе биде регулирање на сообраќајниот метеж, особено пред јавните установи, кај кои се движат деца и обезбедување на безбедни тротоарски површини за движење на пешаци.

АПЕЛ ОД ОПШТИНА БЕРОВО: Паркирајте правилно, оставети ги тротоарските површини да бидат слободни, за пешаците, нашите деца, туристите, за сите нас.

БЕЗБЕДНОСТА ДА НИ БИДЕ НА ПРВО МЕСТО!

Се надеваме дека ќе ја сфатите нашата порака, зошто само со широка комуникација и соработка на сите инволвирани чинители, можеме да дојдеме до најдобрите предлози и решенија, кои ќе бидат во интерес на сите граѓани, но и во интерес на севкупната безбедност во сообраќајот.

Се разбира, Општина Берово  ќе остане отворена за партнерска соработка, како во поглед на заедничко нормативно надградување на процесите, така и во поглед на технички и стручни квалитативни подобрувања на сообраќајната култура,  а се со цел за подигање на нивото на одговорност и професионалност.

Со почит,

Општина Берово

Градоначалник

ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ

  Категории: