СЕ ПОШУМУВА БУДИНАРСКИ РИД ВО РАМКИ НА ГОЛЕМАТА АКЦИЈА” АЈДЕ ДА ПОШУМУВАМЕ ЗАЕДНО”

СЕ ПОШУМУВА БУДИНАРСКИ РИД ВО РАМКИ НА ГОЛЕМАТА АКЦИЈА” АЈДЕ ДА ПОШУМУВАМЕ ЗАЕДНО”
ноември 22 18:38 2023

Во присуство на министерот за земјоделие Љупчо Николовски денес кај месноста  Будинарски рид во Беровското село Будинарци продолжи големата акција ,,Ајде да пошумуваме заедно” која ома за цел за пошумување 1.200.000 садници, во 19 региони, на 36 локации низ државата. Акцијата која започна овој месец, како што истакна министерот Николовски ќе трае се до 31 март 2024 година, истата опфаќа пошумување на површина од над 400 хектари со повеќе различни видови садници како бел и црн бор, јавор, багрем, смрча, даб, чемпрез, јасен, костен и ела. 

-Првиот дел од голема акција за пошумување се реализа во месеците ноември и декември, преку програмата за проширена репродукција, а започна на 10ти ноември во Делчево со пошумување на локацијата Стар Истевник, деновите продолжи тука во Беровско, а веќе на 26 и 27 новемри продолжува во Куманово на локацијата Кокино и во Велес на локацијата Новачани. На овие локации заедно со нашите партнери во оваа акција пошмуваме површина од 241 хектар, со засадување на над 580.000 различни садници. Шумите се нашите бели дробови, наше природно и национално богатство, кон кое сите ние треба одговорно да се однесуваме и да ги чуваме, рече Николовски.

Задача на Министерството, но и на граѓаните како што додаде е редовната грижа и чувањето на шумските убавини, преку редовно обновување со нови садници. За министерот радува фактот што многу општествено одговорни компании и граѓански организации се приклучија кон оваа акција за пошумување, но и преку сопствени иницијативи, во соработка со Министерството, организираат акции за пошумување и збогатување на шумскиот фонд. 

-Токму во овие два месеци на овие локации во акцијата за пошумување активно се приклучија учениците од средните училишта „Раде Јовчевски – Корчагин“ и „Орце Николов“, потоа Сојузот на извидници на Македонија, здружението Менендмаунтаин, општествено одговорните компании Телеком, ДМ Дрогерии, Халкбанка, КБ Пензинско друштво, кои покрај со своето учество во оваа акција донираа садници и опрема, додаде Николовски.

Зелената транзиција, како што посочи е еден од петте клучно поставени приоритети за работа на министерството, а пошумувањето е една од целите за успешно реализирање на зелените принципи. Со програмите за проширена репродукција на шумите за 2021, 2022 и оваа 2023 година, Министерството има предвидено средства за финансирање по мерката за пошумување на голини и ерозивни земјишта во приватна сопственост, на вкупна површина од 20 хектари, за секоја година пооделно.

-Веќе за наредната 2024 година преку оваа програма за оваа мерка предвидуваме средства за пошумување на површина од 50 хектари, со тенденција во наредните години за зголемување на површините за пошумување на голини и ерозивни земјишта во приватна сопственост. Преку оваа мерка од програмата за проширена репродукција на шумите за оваа 2023 година, министерството има склучено договори со повеќе сопственици на приватни шуми и тоа во Беровскиот, Радовишкиот и Валандовскиот регион, додаде Николовски.

Во рамки на посетата на Берово, во месноста Манакија, Министерот го посети и Тодор Кацарски од Берово, еден од апликантите на програмата за проширена репродукција на шумите, преку мерката за пошумување на голини со кој заедно пошумија уште еден дел предвиден со оваа голема акција за пошумување. Воедно изрази благодарност до ЈП Национални Шуми, факултетот за шумарски науки, министерството за животна средина, сите општествено одговорни компании и граѓански здруженија кои се дел од оваа акција за пошумување.

Претставникот на Национални Шуми, Маре Басова, која исто така учествуваше во акцијата за пошумување додаде дека се пошумува според она што го диктира природата.

-Денес пошумуваме со јасен  јавор и црн бор  Се пошумува според здравствените услови според предиспозицијата и според она што го диктира природата, бидејки не можеме многу да менуваме околу тоа, рече Басова.

Свој придонес во акцијата даде и беровскиот градоначалник Звонко Пекевски.

-Се пошумува на дел од подрачјето кое беше уништено во големите пожари. Изразувам надеж дека наскоро ќе се вклучат и ученици од гимназијата Ацо Русковски кои ќе дадат свој придонес во пошумување на опожарените површини, рече Пекевски.

Преку кампањата засади во која се вклучува и КБ Прво пензиско друштво досега засадени се 5000 садници.

-Ние сме особено среќни да  придонесеме за ова подрачје. Три години сме во кампањата ,,Замени, засади” и имаме засадено 5.000 садници во две години, денес засадуваме уште 5000 садници како поддршка на беровскиот регион. Акцијата ја продолжуваме и сакаме да градиме одржлива иднина за идните пензионери, рече Иван Стојановиќ, претставник на компанијата.

Апликантите на програмата за проширена репродукција на шумите, како што додаде претставникот на здружението на сопственици на приватни шуми Војо Соколовски ќе можат следната пролет повторно да аплицираат по оваа програма.

-Во моментот пошумуваме парцела со црн бор и еве можеби за пошироката јавност да кажеме дека тоа е многу добра програма, предвидува комотни средства од 85.000 денари по хектар. Постојат одредени критериуми парцелата да биде над 5 декари и да биде над 5-та класа, додаде Соколовски.

Акциите за пошумување како што беше поспчено на крај продолжува и во наредниот период, и на други локации кои беа зафатени од големите пожари во 2021 година.

  Категории: