ООУ ,,Никола Петров Русински” во с. Русиново, го искористи зимскиот распуст на учениците, за уредување на влезот и пристапните патеки до училиштето и за подобрување на условие за учење за учениците.
Реконструирани се санитарните јазли, изграден е санитарен јазол за лица со посебни потреби, уредени се влезот и пристапните патеки до училиштето, санирани се ѕидовите и подлогата во дворното место и набавена е нова урбана опрема.
Второто полугодие во ООУ ,,Никола Петров Русински” во с. Русиново, ќе започне со подобрени услови за учење на учениците и ќе стане попријатно катче за престој.
-Со реконструкција на ООУ ,,Никола Петров Русински” уште еднаш потврдуваме дека се грижиме за подобрување на животот на граѓаните во сите сфери, не само во градот, туку и во населените места во општината.Образовните објекти мора да се реконструираат и постојано да се унапредуваат условите за учење, затоа што тоа дирекно влијае на создавање на успешни генерации, кое нешто е истакнато како приоритет во сите мои излагања – истакна градоначалникот Пекевски.
За реконструкција на училишниот објект во с. Русиново, од Буџетот на училиштето ќе бидат потрошени околу 1.600.000,00 денари.