СЕУШТЕ Е АКТИВЕН ПОЖАРОТ НА ВРВОТ ПЕТЛЕЦ.

СЕУШТЕ Е АКТИВЕН ПОЖАРОТ НА ВРВОТ ПЕТЛЕЦ.
мај 02 11:41 2021

Пожарот кој вчера избувна на месноста „Петлец“ над селото Русиново сеуште е активен.Според информациите што ги добивме од командирот на ТППЕ Берово, во гаснењето учествуваат екипи на против пожарната служба и Шумското стопанство од Берово.

-Моментално пожарот на Петлец сеуште гори.Зафатени се предели со папрат и јасика.Во гаснењето на пожарот учествуваат екипа од ТППЕ Берово и уште една единица од Шумското стопанство.Пожарот е со голем обем и раширен е на поголема површина. Дополнителни тешкотии во гаснењето ни преставува силниот ветер и непристапниот терен. Штетите не се во големи размери, бидејќи во пожарот горат папрат и висока трева. Добредојдена е секоја пмош и вклученост во ганењето на пожарот.Остануваме на терен се до целосно ставање под контрола на пожарот и уште еднаш апелираме до граѓаните одговорно однесување во природата. – рече Сашко Руменовски командир на ТППЕ Берово.

Ова е втор пожар за неколку недели на месноста „Петлец“ над селото Русиново.Пред два дена исто така околу 5 декари борова шума изгоре во пожар на Беровско Езеро близу комплексот Аурора.

  Категории: