Семеен пријател сексуално злоставувал 12- годишно девојче во Делчево. Тој за посета избрал ден кога родителите не биле дома, а девојчето и нејзиниот две години постар брат биле сами. Како и секогаш досега, тие пријателот го пуштиле дома, зашто тој таму бил чест гостин, но ова било превпат децата да се сами.
Гостинот, сочекал братот да излезе од собата, по што девојчето веднаш почнал да го допира по целото тело, но и да му се заканува, за тоа да не кажува на никој. Спротивно на заканите, детето веднаш откога тој заминал кажало на братот, а овој на родителите, по што случајот е пријавен во полиција:
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Делчево. Лицето е повикано и задржано во Полициската станица Делчево. Против него е поднесена кривична пријава, изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип. За 10 години, на територијата на СВР – Штип се регистирани вкупно 60 случаи на полов напад врз дете. Најмногу случаи има регистрирано во 2012 година, вкупно 15.