Секоја четврта смрт на работа во државата се случила во Источниот регион. Ова го покажува последниот Извештај за безбедноста при работа на Македонското здружение за заштита при работа.
Имено, според него, на ниво на државата минатата година, на работното место починале 24-ца граѓани, од кои 6 се жители на Истокот. Од нив, по двајца работници загинале во Виница и Делчево, еден во Берово и еден во Кочани.
Кога во прашање се повредите, Истокот повторно се наоѓа на лошата листа. Лани, 15 жители на Регионот се повредиле на работното место, а дури 11 од нив во Штип. Двајца работници се здобиле со повреда во Делчево и по еден во Виница и Пробиштип.
Оваа лоша статистика, Штип го сместува како втор град во државата по бројот на повреди на работно место.
За состојбата да се промени, неопходен е поголем ангажман на работодавците, зашто безбедноста на работа е многу важен фактор и за работниците и за компаниите :
Дали и како се почитуваат нормите за безбедност, надлежните постојано контролираат :
Инаку, стапката на смртни случаи при работа во Македонија изнесува 3,22, односно на секои 100.000 вработени загинуваат 3 – 4 работници. Во споредба со 2016-та оваа стапка е зголемена, односно тогаш била 2,62.
Споредбено со Велика Британија на пример, стапката на смртност на работа кај нас е многу голема. Таму, стапката е 0,5.
ИЗВОР: Тв Стар