СЕДНИЦАТА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БЕРОВО ВО ПЕТОК ЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА ВО ЖИВО

СЕДНИЦАТА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БЕРОВО ВО ПЕТОК ЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА ВО ЖИВО
декември 21 12:15 2021

По вчерашниот став на порталот Малеш Нет за онлајн работата на Советот на Општината на последните две седници и неможноста граѓаните да ги следат во живо седниците и покрај поседување на опрема за такво пренесување, градоначалникот Пекевски излезе со одговор, каде најави дека седницата во петок ќе се одржи со физичко присуство и ќе се пренесува во живо преку платформата зум.

“Советот на општина Берово, која ќе се одржи во петок, на 24 декември, на која што ќе се расправа за Буџетот на Општина Берово, ќе ја пренесуваме во живо, преку Zoom платформата.
Воедно ги покануваме сите граѓани и новинари кои се заинтересирани да ја следат седницата, доколку поседуваат Ковид сертификат да присуствуваат на седницата, или пак да се вклучат да ја проследат седницата преку Zoom, на линкот кој претходно ќе биде споделен на општинската веб страна” – истакна Пекевски.

Опремата во општинската зграда додаде Пекевски, нема можност да се користи поради малата просторија во која е инсталирана и пропишаните мерки за заштита од Ковид 19.

“Опремата за пренос на седниците на Совет во живо, немаме можност да ја користиме, од причина што, просторијата во која што е инсталирана е мала и во неа не може да се одржува седница согласно пропишаните мерки и протоколи за заштита од Ковид 19 – напиша градоначалникот.

Ние не ја оспоруваме транспарентноста на Советот, но добронамерно посочуваме на тоа дека уште повеќе би биле транспарентни, бидејќи сме една од најопремените општини што може секој граѓанин да биде информиран и да ја следи секоја седница на Советот во живо.

Во претходниот период и пред пандемијата исто така опремата беше користена само неколку пати, а не ни беше јасно зошто во другите соседни општини седниците на Советот се оддржуваат со физичко присуство, а кај нас онлајн.

Одлуките од каков вид ќе биде одржувањето на седниците на Советот, целосно ќе ги почитуваме ако навремено бидат известени граѓаните и причините за тоа, како што претходно на општинскиот сајт имаше подетални информации и најави за работата на Советот.

Ви благодариме на најавата за оддржување и пренесување во живо на следната седница во петок и Ви посакуваме успех во работата.


  Категории: