На 06.06.2021 во 21.00 часот во Полициската станица Берово, 38 годишна жена пријавила дека околу 18.30 часот во семејниот дом во Берово, М.Д.(45) со дрвен предмет го нападнал нивниот малолетен син. По комплетирање на случајот против М.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Исто така во текот на вчерашниот ден во 18.50 часот во Полициската канцеларија Пехчево било пријавено дека на место викано „Суви дол“, атар на с.Црник, пехчевско, бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад од страна на Д.Д. над М.Д. двајцата од с.Црник. По комплетирање на случајот против Д.Д. ќе биде поднесен соодветен поднесок – се вели во полицискиот билтен на СВР Штип.