Аргентинскиот медиуми „Кларин“ попладнево објави дека ненадејно почина легендарниот Диего Армандо Марадона, како последица на срцев удар во неговиот дом. Аргентинскиот генијалец почина во 60-тата година и ја остави нацијата облеана во тага.
Аргентинската фудбалска легенда пред две недели успешно бил опериран од тромб во мозокот во клиника во Буенос Аирес. Докторот кој ја изврши операцијата Леополдо Луке рече дека операцијата била „рутинска“ и оти пациентите подложени на таква постапка обично се отпуштаат од болница за 24 до 48 часа. Проблемот веројатно бил предизвикан од повреда, иако Марадона вели дека не се сеќава на некој посебен инцидент.
Марадона, кој имаше проблеми со дрога и алкохол, преживеа два инфаркти и се разболе од хепатитис. Во 2005 година му беше направена операција на желудочен бајпас, по што загуби 50 килограми и го направи склон кон анемија.
Диего Армандо Марадона е роден на 30 октомври 1960 во Вила Фиорито, Буенос Аирес. Стана светски првак во Мексико 1986 година и еден од најдобрите и најпопуларни фудбалери на сите времиња. На 20 октомври 1976 година (10 дена пред неговиот 16-ти роденден), Диего го одиграл својот прв натпревар за сениорите на Аргентинос Јуниорс. Тогаш станал најмладиот прволигашки фудбалер во историјата на аргентинскиот фудбал. Во 1979 беше капитен на репрезентацијата на Аргентина која во Јапонија ја освои титулата јуниорски првак на светот.
На доминантен начин стана светски првак во Мексико во 1986 година, а четири години подоцна во Рим загуби во финалето на Светското првенство. Стана легенда и во Наполи, клуб со кој освои две скудета и Куп на УЕФА. Работеше како селектор на Аргентина на Светското првенство во 2010 година, а до смртта ја водеше Гимназија Ла Плата.
Секаде е крал, само во Аргентина и Неапол е БОГ – сите голови на големиот Диего!
Беше најсакан и најгенијален фудбалер на сите времиња, а на две места секогаш ќе го има статусот БОГ. Диего Марадона е симбол на аргентинската репрезентација и на италијанскиот прволигаш Наполи.
Генинјалецот стана младински и сениорски светски првак со Аргентина, а беше и селектор на „гаучосите“. Со Наполи, кој претходно никогаш не бил во друштво на големите, освои две скудета, Суперкуп на Италија и Куп на УЕФА.
Еве ги сите голови на Марадона во дресот на Наполи и Аргентина:
Покрај овие два дреса, Диего настапуваше и за Аргентинос Јуниорс, Њу Олд Бојс и Севиља.