РОМСКИОТ ХОЛОКАУСТ ПРИКАЖАН СО ИЗЛОЖБА ВО ГРАДСКИОТ МУЗЕЈ ВО БЕРОВО

РОМСКИОТ ХОЛОКАУСТ ПРИКАЖАН СО ИЗЛОЖБА ВО ГРАДСКИОТ МУЗЕЈ ВО БЕРОВО
октомври 07 18:07 2024

Во просториите на Музеј на град Берово, денес беше отворена изложбата насловена Ромскиот геноцид низ очите на младите во рамките на проектот Моето право да се сеќавамМеморијализација на Ромскиот геноцид’’ организирана од РРОМА во соработка со  Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) како дел од Младинскиот културен фонд на Западен Балкан, во соработка со Министерството за надворешни работи на Германија и ЕРГО мрежата, Белгија.

Со поздравен говор изложбата ја отвори г-а Марија Буровска претсавник од Дом на Културата “Димитар Беровски” – Берово.

  Урмета Арифовска – заменик директор на РРОМА, после поздравниот говор и воведното обраќање ја водеше и турата низ изложбата.

-Изложбата се фокусира на прогонството на Синтите и Ромите, од нивното исклучување и обесправување во Германскиот Рајх до систематското истребување во нацистичка Европа. Дехуманистичките перспективи на сторителите се спротивставуваат на сведочењата на жртвите, а старите фотографии и зачуваните податоци нудат увид во реалноста на нивните животи- рече Арифовска.

Колонијата на изложбата ќе се промовира во источниот и североисточниот дел на Република Северна Македонија, во градовите: Делчево, Кочани, Крива Паланка и Кратово.

На изложбата присуствуваа претставници од Домот на Културата “Димитар Беровски” – Берово, Преставници на Музеј на град Берово, професори и ученици од ОСУ Ацо Русковски Берово, претставници од приватни фирми, и граѓани на општина Берово.

Изложбата во Берово ќе биде изложена до 09.10.2024 год. од 07:30 до 15:30 часот во Музеј на град Берово.

Веруваме дека оваа изложба ќе пренесе важна порака не само на младите, туку и на сите генерации, дека слични настани можат повторно да се случат, и дека е важно да се потсетиме на ужасните и мрачни настани од минатото, ќе заземеме јасен став против маргинализацијата и омразата, преку подигање на свеста, обезбедување информации и создавање култура на сеќавање.