Пет децении од своето постоење вчера вечер прослави ресторанот Мрс, најстариот и најпрепознатлив ресторан во Македонија и пошироко, со пригодна забава за своите постојани посетители кои уживаа во пријатната атмосфера.Како што вели сопственикот три генерации непрекинато работат и ги угостуваат гостите и подржувачите на ресторанот кои знаат да го препознаат квалитетот и традицијата.Ресторанот Мрс познат по својата квалитетна кујна од секогаш имал свој шмек каде главен акцент е гостинот, па секој кој доаѓа овде излегува со задоволство.
Се започна во далечната 1968 година како класична ќебачилница која ги задоволуваше вкусовите на сите па со годините и со потребите на клиентите, прерасна во тоа што е денес.
Додека многу други ресторани во државата и регионот со текот на времето неколку пати ја променувале својата локација и згаснувале, тоа не важи за ресторанот Мрс, кој 50 години е на истата локација во преубавиот град Берово и непрекинато прерасна во белег на Малешевијата и регионот.