РЕПОРТАЖА: ЖИВОТ ВО КАЛ

РЕПОРТАЖА: ЖИВОТ ВО КАЛ
април 02 15:57 2018

Жителите на неколку улици во Берово, живеат во кал и дупки наместо на асфалт. Луѓето се жалат на нивните услови за живот, па за да можат да влезат во нивните домови мораат да се снаоѓаат како можат и умеат. Со години се тука, без ништо да се промени како што велат,остареле со кал.Многу до сега им ветувале, но на виделина ништо нема.Тука е невозможно да поминете без чизми кои се еднинствениот начин да не заглавите во калта и големите вирови кои ги има насекаде.Зоран Боболински е повратник од Америка кој се преселил и инвестирал во градење на куќа токму во родниот град Берово, но и покрај плаќањето на сите давачки е револтиран од состојбата на неговата улица бидејки не може да влезе во својата куќа.

Уште полоша е состојбата на неколку улици во Ромското маало во градот каде условите за живот се навистина под сите стандарди. Како што велат граѓаните овде не доаѓа ниту брза помош ниту такси, одењето негде за нив е привилегија.

Освен кал, на една од улиците која се наоѓа кај филтер станицата,состојбата е уште полоша.Овде нема ни вода ниту канализација, па жителите мораат секојдневно да полнат вода за пиење и да зготват.Трошоците за живот тука се поголеми велат жителите, па тие месечно трошат по три пара обувки за нивните деца, а се невработени.Лути се на институциите бидејќи ништо не се превзема да се подобри барем малку состојбата и покрај многуте ветувања за решавање на нивниот проблем.

Децата пак кои живеат тука се соочуваат со секјодневни тешкоти кои им преставувваат проблем и во школото.

Општинските власти главната пречка за решавањена овој проблем го гледаат во немањето пари во општинската каса, но и пречката на дадените улици кои се надвор од урбанистичкиот план.Градоначалникот Пекевски најави дека во тек се преговори за изработка на улицата пред Џамијата како и тампонирање на горенаведените улици со матерјалот од чистење на коритото на реката Брегалница во новата одлука на советот на општина Берово.

Но додека да се донесе урнаистичкиот план и да се најдат пари за да можат овие улици да се поправат, граѓаните во овие места и понатаму остануваат да се соочуваат со тешкотиите на најгорливиот проблем за нив калта и желбата за живот како секој нормален граѓанин.

  Категории: