Земјотрес со сила од 2,8 степени по Рихтер е регистриран утрово во 6.36 часот на 115 километри од Скопје, а е почувствуван од жителите на пехчевскиот, беровскиот и делчевскиот крај.
Земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда ML 2.8 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала и потекнува од епицентрално подрачје Пехчево-Кресна. Регистриран е од телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и во Пехчево.