РАШКОВСКА ОД МАЧЕВО: СРАМНО Е ВО 21 ВЕК ЖИТЕЛИТЕ НА МАЧЕВО ДА НЕМААТ КАНАЛИЗАЦИЈА

РАШКОВСКА ОД МАЧЕВО: СРАМНО Е ВО 21 ВЕК ЖИТЕЛИТЕ НА МАЧЕВО ДА НЕМААТ КАНАЛИЗАЦИЈА
октомври 06 12:18 2021

Кандидатот за градоначалник на Берово, од ВМРО-ДПМНЕ Елеонора Рашковска, на вчерашната середба со жителите на село Мачево ги презнтираше проектите во нејзината програма кои се наменети за селото.На средбата од страна на граѓаните беа истакнати најгорливите проблемите со кои се соочуваат жителите како што се канализационата мрежа и големиот број неасфалтирани улици.Од страна на кандидатот за градоначалник на Берово, беа презентирани проектите, кои се предвидени токму во овој дел на, а целта е како што рече Рашковска во 21 века да нема ниту едно село во општината без фекална и атмосферска канализација и асфалтирани селски патишта.

-Нашата програма„Гарантираме за Берово“ содржи за жителите на Мачево многу проекти меѓу кои Квалитетна комунална инфраструктура која подразбира покривање со квалитетна канализациона мрежа, а тоа е посебно голем проблем за село Мачево.Бидејќи никој во село Мачево досега не направи ниту фекална ниту атмосферска канализација, срам мие е да зборувам во 21 век, дека има село во општина Берово кое е блиску до патот, блиску до Берово а нема ниту фекална ниту атмосферска канализација.

Во областа на патната и сообрќајна инфраструктура односно постојана реконструкција и рехабилитација на постојните улици како и асфалтирање на нови улици, потребно е повеќе улици да се асфалтираат по тоа што го видовме вечерва – истакна Елеонора Рашковска.

Таа додаде дека ќе бидат санирани планинските и полски патишта во селото, кои за време на пожарите кои го зафатија и Мачево преставуваа главен проток за интервенција и гаснењето на пожарот, па затоа нивното одржување е многу важно и во секојдневните активности на жителите, во кои досега не беше инвестирано во нивно одржување, а исто така се осврна и на организација и зајакнување на капацитетите на противпожарната единица.

-Санацијата и оддржувањето на планинските и полски патишта во селото, видовме дека е нешто неопходно што треба да се одржува и поддржува.Тоа ни го покажа пожарот кој беше во село Мачево.Ако не беа тие планински патишта, многу тешко ќе се ставеше пожарот под контрола, па затоа многу е важно нивното одржување.Исто така неопходно е зајакнувањето на капацитетите на ТППЕ, со вложување и обучување на волонтери кои ќе бидат спремни да помогнат во секој момент – рече Рашковска.

Понатаму кажа дека во програмата е прдвидено стипендии за сите деца од ранливите категории и субвенциониран оброк за учениците од Основното училиште, како и зголемување на надоместокот за секое новородено дете.Исто така најави и постојана грижа за старите лица, како и подобрување на уличното осветлување во Мачево.

– Гарантираме дека нема да ги покачиме општинските даноци, тие остануваа исти.Субвенциониран оброк за учениците во основното училиште, нешто што повеќе години го нема во нашето основно ушилиште.Мислам дека тоа е неопходно.Општината ќе дава субвенции, со што мал дел ќе плаќаат родителите а поголемиот дел ќе субвенционира Општината, за да може секое дете да има топол оброк, бидејќи тоа е неопходно за здравјето на нашите најмили.Имаме многу умни деца кои немаат можност нивните родители да ги финансираат и школуваат, па затоа ќе обезбедиме стипендии за сите деца од ранливите категории.Секое дете е битно, секое новородено дете е богатство за нашата општина, па затоа ќе го зголемиме надоместокот за секое новородено дете.Многу е потребно овде во Мачево да се постават нови сијалични места, и потребно е да се заменуваат постојаните, а тоа е предвидено во нашата програма.Посебен акцент ќе ставиме на мапирање на дивите депонии во селото.На повеќе места има ѓубре, контејнери има малку, па затоа ќе го решиме овој проблем кој влијае на здравјето на ќителите во Мачево.Најавуваме и изградба на мало детско катче, детски парк со содржини за деца кое е неопходно за дечињата овде во Мачево – рече Рашковска.

На крајот Рашковска финишираше со апел до граѓаните на село Мачево, да излезат на изборите на 17 Октомври и да ги опоменат досегашните власти, да пкажат пркост и да гласаат за бројот 7, за новата иднина, иднина на промени, проекти и победи.