Проект „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелена Агенда за Западен Балкан на локално ниво”

Проект „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелена Агенда за Западен Балкан на локално ниво”
јуни 17 23:21 2024

Проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелена Агенда за Западен Балкан на локално ниво”, е во реализација од партнерството меѓу едно носител здружение – Здружението на граѓани „Центар за климатски промени” (ЦКП) заедно со 7 партнерски организации од различни региони на земјата и тоа: Еко-зелено движење, Берово, Флорит Гевгелија, Креактив-Кавадарци, Еко акција од Тетово, Геосфера-Битола, Национален ромски Центар Куманово и Екотуризам 2016-Охрид, во рамките на програмата за партнерски грантови на Цивика Мобилитас, односно е подржан од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Целта на проектот е да допринесе кон овозможување на транзицијата на Македонија кон целите на ЕУ за јаглеродно неутрално општество преку подобрено инклузивно и транспарентно спроведување на Зелената Агенда за Западен Балкан на локално ниво, со активна соработка на граѓанскиот сектор со сите засегнати страни и вклученост во креирањето на политиките.

Очекувањата се подобро спроведување на законодавството кое произлегува од барањата на Зелената Агенда, но и кон ниско јаглеродна економија преку заедничка акција и регионална соработка на сите засегнати страни во државата. Проектот во спроведувањето на активностите ги вклучува локалните самоуправи и за таа цел партнерските здруженија, секоја локално во регионот во кој делува побараа, добија и потпишаа меморандуми за соработка солокалните самоуправи, кои се обврзаа да ги поддржат во спроведувањето на проектот, во нашиот случај општина Берово и општина Пехчево, преку:

  • Учество во размена на искуства на национално, регионално и локално ниво
  • Заедничка промоција на стекнатото знаење за мерките и стратегиите за Зелена Агенда
  • Примена на стекнатите искуства, наоди и информации во рамките на проектот
  • Пренесување на резултатите од проектот до засегнатите страни на локално, национално и регионално ниво.

Резултатите кои треба да произлезат од овој проект се:

  • Зајакнати капацитети на ГО- граѓанските организации и ЕЛС единиците на локалната самоуправа, како и нивна подобра соработка, воспоставување на мониторинг за следење на спроведувањето на ЗАЗБ- Зелена Агенда за Западен Балкан на локално ниво, како и поголема вклученост во процесот на донесвање одлуки –Подржани ЕЛС од страна на ГО, во резултат развиени политики и стратегии за спроведување на ЗАЗБ на локално ниво
  • Зголемена свест на пошироката јавност за придобивките од ЗАЗБ

Во моментот локалната партнерска организација, која е задолжена за комуникацијата и соработката на наше источно локално ниво, ЕКО ЗЕЛЕНО ДВИЖЕЊЕ, БЕРОВО, спроведува дел од проектните активности, кои се исклучително важни, затоа Ве замолуваме за лично вклучување во едната од нив, а тоа е „Анкета за испитување на јавното мислење на граѓаните на Македонија за Зелена lАгенда” која е сеопфатна и ги опфаќаа сите столбови од зелената агенда, вклучувајќи и општа перцепција за екологијата.

Линкот до анкета, за испитување на јавното мнение е: https://forms.gle/LhiQ4Y1BB2GkkETh9

Вашето вклучување кое е од особено значење би било одговарање на анкетата, но се до последното прашање за да можат одговорите да се испорцесираат, бидејќи во спротивно, системот нема да ги регистрира и зачува, а и секако препраќање на линкот со анкетата до сите оние кои сакаат активно да придонесат во градење на подобра зелена иднина за сите, за кое се важни и вакви мали, а големи чекори и силно влијание да истите ја пополнат анкетата, за да може да се добие што појасна слика за регионот, кое би помогнало во планирањето на идните активности и приоритети кои би биле од корист за нашиот регион. Препраќањето на линкот може да биде и по емаил, вибер, смс… анкетата може да се одговоара -пополнува и преку мобилен телефон и преку компјутер/лаптоп…

Ви благодариме за вниманието, го цениме Вашето време, лината заложба и учеството.

Ве поздравуваме до следното дружење, станете и останете зелени Ј.

Со почити

Еко-зелено движење, Берово

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdIwB_hERkj1TWA-zdoA4PmG7bLV42wuAWi7xtplrk-hwo0jg/viewform

  Категории: