Делегација од општина Берово, деновиве учествува на завршниот настан во рамките на проект, Европа за граѓаните”, која се одржува во Бољарово, Република Бугарија.
Проектот обединува 40 мали општини од 8 европски држави, од Шпанија, Италија, Белгија, Хрватска, Португалија, Северна Македонија, Латвија и Бугарија.
Во холот на центарот на локалната заедница, бугарските домаќини организираа кулинарски специјалитети и изложба, на која се раскажуваа важните моменти од развојот на социјалните иновации за целите на културното наследство, стратегии и различен пристап во стратшкото планирање на европско и локално ниво, со цел презентирање на добри практики во развој на руралниот туризам.
На гостите им посака добредојде и играорна и пеачка група.Има повеќе придобивки од овој прокет, нагласи градоначалникот на Бољарово , Христо Христов:
„Прво, го збогатуваме нашето искуство во изработка на проекти, второ, ги потврдуваме и ги наметнуваме нашите културни традиции, а тие не се малку. Токму во Центарот на заедницата, беше подготвена изложба на која учествуваа сите центри на заедницата во општината и сите општествени институции. Таму видовме прекрасни кулинарски креации, кои потоа сите имаа можност да ги пробаат“ – рече Христов.
EUsave мрежата, е дел од планот за Европа со граѓаните и има за цел трасирање на транснационална стратегија за развој на туризмот.