ПО НАЈАВАТА ЗА ПРОТЕСТ:КОВИД-19 ГО НАМАЛИ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ.

ПО НАЈАВАТА ЗА ПРОТЕСТ:КОВИД-19 ГО НАМАЛИ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ.
мај 13 09:54 2020

Заканата од протест се чини дека вроди со плод и кривата на заболени граѓани од Ковид-19 значително почна да опаѓа. Ова се случи откако група на граѓани најави протест против 5Г мрежата, вакцините, коронавирусот и полцискиот час. После оваа најава Ковид-19 се одлучи да ги ислуша барањата на граѓаните и значително да го намали бројот на заболени.

„Бројката на заразени во светот е сè уште одлична, но да бидам искрен, ситуацијата во Македонија ме загрижува. Луѓето се побунија и најавија масовен протсет. А масовните собири можат да бидат погубни за мене. Затоа одлучив да преговарам и во моментов со протестантите се договоривме да го намалиме бројот на заболени. Во моментов сè уште преговараме за бројката на починати, но очекувам деновиве да дојдеме до заедничко решение. Што да кажам повеќе? Максимално сум разочаран од целата оваа ситуација, но се надевам дека ќе изнајдам сили да ја пребродам и оваа криза“ – изјави Ковид-19.

Автор: Марјан Анѓеловски

kooperacija.mk

  Категории: