Почна сезоната на една од најбараните и најскапи печурки „Смрчак“ во Малешевскиот регион.Откупени се првите количини на оваа печурка, кои за разлика од претходните години во овој период се помали. Сепак временските услови кои се неповолни влијаат на слабите количини на овие печуркии, а состојбата со Ковид 19 вирусот велат откупувачите, влијае и на откупната цена која во моментот изнесува 500 денари за килограм смрчак.
– Сега почнува сезоната на смрчакот но временските услови се непогодни, слабо ги има.Оваа печурка имаше цена но Корона вирусот не погоди и нас и големите откупувачи,ефтини цени,ниски цени, луѓето се незадоволни, а ние сме измеѓу нив и нема што да правиме – вели Софија Буровска откупувач на печурки и шумски билки.
Малешевци се активни за собирање смрчак додаде Буровска, а тоа преставува дополнителен приход за нив.Во следниот период се очекува нивната појава да биде поголема.
-Јас одам секаде во Малешевијата да ги откупувам билките и печурките и можам да кажам дека Малешевци се активни во собирање на смрчакот.Луѓето одат кој колку може и кој сака да оди и да има дополнителна егзистенција.Сепак ноќните минусните температури во овој период го уништува мицелиумот и сето тоа придонесува за малата количина и појава на смрчакот.Количински смрчакот не може да го има во тонови.Обично од 100 до 200 килограми дневно.Најголемата цена на смрчакот пред неколку години беше 1500 денари од килограм, сега е 500 денари.Тогаш работеа и рестораните по западот сега се затворени и побарувачката на оваа печурка е намалена, па затоа и цената е таа – додаде Буровска.
Инаку сезоната на смрчакот е во месец Април па до средината на Мај.Смрчакот расте во иглолисни планински шуми и на чистинките околу нив. Во многу голем број се јавуваат на опожарени места. Извонредно е вкусна и држи доста добра цена. Еден килограм од оваа печурка достигнува цена и до 1.500 денари
Во следниот период освен смрчакот доаѓа сезона на собирање и на ливадарка,ѓурѓевка, во месец Јуни лисичарка и вргањ, додека во есента се собираат исто така вргањ,црна шепа,руиница кои дополнително го зголемуваат приходот на Малешевци.
–