ПОЧИНА АКИ РАХИМОВСКИ, ФРОНТМЕНОТ НА ГРУПАТА “ПАРНИ ВАЉАК”

ПОЧИНА АКИ РАХИМОВСКИ, ФРОНТМЕНОТ НА ГРУПАТА “ПАРНИ ВАЉАК”
јануари 22 23:37 2022

За жал, денес не напушти еден од најголемите пејачи и фронтмен на еден од најголемите бендови од овие простори, Аки Рахимовски. Неверојатна енергија на настапи, долги концерти и голем број хитови со кои не можат да се пофалат многу бендови е нешто со што може да се пофали бендот Парни Ваљак. Аки ја носеше публиката, имаше одличен вокал, беше харизматичен и подготвен да настапува три часа.

Почнал да пее на седумгодишна возраст. Како тинејџер, тој беше член на неколку бендови, од кои некои се групата Vacuum, Blood Brothers и Tor, пред да се формира групата Парни Ваљак во 1975 година. Многу од хитовите, особено „Есен во мене“ и „Се уште мириса на неа“, на овој бенд се меѓу најдобрите југословенски рокенрол песни на сите времиња. Голема загуба. Останува големо наследство од 19 студиски албуми, кои ќе се слушаат додека има луѓе.

  Категории: