Потпишан Меморандум за соработка за имплементација на програмата РОМАКТЕД во Берово.

Потпишан Меморандум за соработка за имплементација на програмата РОМАКТЕД во Берово.
март 23 12:00 2018

Со потпишување на Меморандум за соработка помеѓу имплементаторот на програмата РОМАКТЕД и Општина Берово, и официјално се започнува со реализација на проектот за подобрување на условите на живеење на Ромската заедница и вклучувањето во социјалниот живот.

Потпишувањето на меморандумот од страна на градоначалникот Пекевски е извршено на дводневната работилница која ја имаат вклучените претставници од локалните самоуправи од Република Македонија, како и претставници од сите останати засегнати институции меѓу кои и Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија.

Имплементатор на програмата е Невладината Ромска организација “Сонце“ од Тетово и Берово е една од 12-те општини од Македонија вклучени во оваа програма која е подржана од Советот на Европа и Европската комисија и се спроведува во Западен Балкан и Турција.

Како дел од активностите во врска со програмата, претходната недела во Берово беше организирана и работилница со претставници од ромската популација од Берово на која беа изнесени проблемите со кои се соочуваат самите Роми од различни сфери меѓу кои и проблемот кој го имаат Ромите со невработеноста.

  Категории: