Се започна на денешен ден во далечната 2008 година, каде во тоа време од страна на сега покојниот Зоран Двојаковски беше формиран првиот интернет портал во Берово, Малеш Нет кој беше од информативен карактер. Тој неуморно работеше ги раскажуваше приказните на малиот човек низ призмата на вистината и ги пренесуваше информациите за Берово и Малешевија. Неговиот живот беше преточен во борба, вдахнат со ентузијазам за подобро утре. Човечен спрема нечовечните, но исто толку критичен и мудар да зборува отворено за проблемите кои го тиштеа него и неговото опкружување и сето тоа го пренесуваше на веб страницата која за кратко време стана препознатлива во Берово и државата.
После неговата смрт, уредувањето на порталот и следењето на сите дневни настани и случувања во Берово, сам го продолжи неговиот колега Сенад Расимов, кој остана верен на потребата за информираност на Малешевци и ветувањето да се продолжи успешната приказна на порталот која заеднички претходно ја работеа. Исто така мораме да се зблагодариме на уште неколку лица од Берово и тоа Јане Мамучевски и Воислав Пехчевски, кои поминаа одреден период во работата на порталот и придонесоа за неговиот развој.
-Не беше лесен патот да се изоди до тука. Многу препреки, неспиени ноќи, потрошено време и ресурси се нижеа, но сето тоа беше наш предизвик и денес сме горди на тоа. Денес ете после 15 години постоење на порталот Малеш Нет, можам само да се зблагодарам на сите наши читатели, на граѓаните на Берово и Малешевијата и на сите други кои своето време и потребата за информираност за сите случувања во градот ја наоѓаа тука и како единствен гласник во Берово е дел од нивниот секојдневен живот. Морам да упатам огромна благодарност до нашиот соработник Борис Штерјев и до сопственикот на ресторанот „Мрс“ во Берово, Зоран Пеовски, кои од почетокот па се до денес се составен дел во функционирањето на порталот со нивната поддршка. Многу сме горди дека на општеството и граѓаните оставивме независна слика на известување па и не препознаваат како независен медиум, кој е во служба на сите и каде може да се слушне нивниот глас – рече Сенад Расимов, уредник на порталот.
Како единстено гласило во Берово, порталот Малеш Нет придонесуваше и за многу други медиуми во државата, посебно во источниот регион каде во соработка со нив се пренесуваа сите настани во градот, а исто така голем инпакт има на нашите иселеници во странсво каде секојдневно се информираат за животот во Малешевијата. Со скромни средства речиси никакви, моногу пати беше доведено постоењето и работата на порталот, но еве издржавме и сите овие 15 години можеме да ги сведеме на непрофитно работење во служба на вистината и граѓаните. Секако дека и денес ни е потребна помош од сите, без која не би знаеле до кога можеме да опстоиме. Конструктивните критики кои порталот ги изнесуваше, доведоа до промена на општеството, можеби некои беа и засегнати од нив, но сепак успеавме да влијаеме за да се промени нешто во градот.
-Пред неколку месеци мораме да напоменеме дека нашата фејсбук страница кој а исто така постои повеќе од 10 години, беше хакрирана од непознати сторители, па граѓаните останаа без информации на социјалните мрежи. Ни беше нанесена огромна штета, но не се отакажавме. Направивме нова страница со цел да се информираат граѓаните, но повторно и оваа страница на социјалната мрежа фејбук ни беше оневозможена од непознати сторители. Со еден збор се што е добро во Берово, треба да згасне. Но не. Тука сме сеуште, немаме намера да се откажеме сега за сега, иако со тоа е доведено нашето работење, а наскоро повторно ќе уредиме страница на социјалните мрежи и ќе бидеме достапни за сите наши читатели – истакна уредникот на порталот Малеш Нет.
Столбот и фундаментот на веб порталот “Maleshnet.mk“ во неговото работење и креирањето на јавното мислење и животот во Берово, нека остане во корист на Општина Берово, на граѓаните и нашите читатели, на нашата држава Македонија и на сите луѓе во светот.
Нека ни е честит јубилејот од 15 години постоење, и Ви благодариме на довербата.