Поразителни податоци на Транспаренси Интернешнал. Македонија со најголема корупција од земјите на Западен Балкан, но и со најголемо назадување во делот на корупцијата.
За пет години, државата од 69 место паднала на 107, што ја става последна на листата на сите земји во регионот кога во прашање е борбата против корупцијата.
„…Иако намалувањето на корупцијата е долготраен процес , во изминатите пет години многу земји оствариле мал или никаков напредок. Дополнително вознемирувачки се анализите на индексот на корупција кои покажуваат дека во земјите во кои новинарите и невладините организации се најмалку заштитени, има најголем степен на корупција…“, стои во соопштението на Транспаренси Интернешнал.
Она што анализите го покажале на хартија, овдешните жители го гледаат секојдневно. Веќе стана пракса и за најобични работи, да се бара мито, тврдат граѓани:
А токму корупцијата е она што државата ни ја влече надолу, а младите ги брка одовде:
Токму и поради ова, штипскиот градоначалник неодамна со потпис се обврза на нула толеранција за коруптивно однесување во институциите кои се под негова надлежност:
Инаку, во земјите од регионот, кога во прашање е борбата против корупцијата, најдобро стои Словенија која е на 34 место; Хрватска на 57; Србија на 77; Босна и Албанија на 91 и Македонија на 107.