Градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски, ги информира граѓаните, дека приемен ден за граѓаните ќе биде секој понеделник во временскиот период од 10:00 до 12:00 часот и секој четврток во периодот од 08:00 до 11:00 часот, кога секој што е заинтересиран за тоа, ќе може дa оствари средба со првиот човек на општината.
Пријавувањето за прием кај градоначалникот, ќе се врши на Архива, во зградата на општина Берово и на телефонскиот број 033/471-057.