Пожарот над село Митрашинци е ставен под контрола и во моментот нема опасност од негово неконтролирано понатамошно ширење, извести командирот на Територијалната противпожарна единица од Берово, Сашко Руменовски.
-Од утрово имавме хеликоптерска поддршка со направени над 27 прелети. Користена е вода за гаснење на пожарот од импровизиран базен во соседното село Будинарци, вели Руменовски.
Хеликоптерот, како што додаде, поради високите температури е повлечен, а очекуваат гаснењето од воздух да продолжи со ер-тракторите.
Според проценка на командирот пожарот кај село Митрашинци се очекува вечерва целосно да биде локализиран. Сите кои учествуваа во неговото гаснење остануваат на терен се до негово целосно ликвидирање.