ПИСМА: ЖИВОТ ВО КАЛ НА УЛИЦАТА ДИМИТАР ВЛАХОВ ВО ВЛАДИМИРОВО.

ПИСМА: ЖИВОТ ВО КАЛ НА УЛИЦАТА ДИМИТАР ВЛАХОВ ВО ВЛАДИМИРОВО.
декември 30 20:29 2020

До нашата редекација стигна писмо и реакција од граѓани кои живеат на улицата „Димитар Влахов“ во село Владимирово, која се наоѓа на патниот правец спрема Русиново.

Читателот Љубомир побара јавно да биде изнесен проблемот со улицата, која е претворена во блато и кал и претставува огромен проблем за нормално движење во овој дел од селото.

  • Единствената улица во нашето село Владимирово, која не е асфалтирана е оваа улица на која живееме оклу 15 луѓе.Некои од нив се преселени во Скопје, па и не сакаат да доаѓаат поради состојбата на улицата.Пробиена е пред 150 години како прва улица во Владимирово и е прометна улица.Дури ни со мојата кола не можам да се движам, а камо ли пеш.Јас сум болен човек и мојата сопруга е неподвижна со добиени неколку удари.Замислете како се живее овде.На повеќе наврати реагиравме во опшина Берово, за овој проблем.И покрај реакцијата за оспособување на улицата од општинските власти, кои неколку пати ја покриваа со материјал, водата се однесе и еве кака е сега.Во Авганистан ли живееме ние или каде.Исто така морам да напомнам дека и покрај редовното плаќање на комуналии, овде на нашата улица не се фрла ниту ѓубрето, па морам вреќите со смет да ги носам со кола на излезот од селото.И после многу години, сеуште се наевам дека општинските власти ќе изнајдат решение за да ја санираат улицата.Ве поздравувам.
  Категории: