Трудот, работата, успесите, денеска беа закитени со годишната награда – стипендија ” Спортска надеж” доделена од Министерството за спорт.
Изабела Ковачовска, Моника Стајковска, Бојана Јовевска, Фани Јовановска и Кристијан Каламадевски во сезоната 2023/2024 се меѓу десетте најдобри пингпонгари во Македонија.
Од вкупно 10 доделени стипендии во пинг понгот, 5 завршија за пингпонгарите од ППК Зегин.
Дипломите им беа доделени од Министерот за спорт Борко Ристовски.