ПЕХЧЕВО ОД ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ СЕ УКРАСУВА СО ПОСТОЕЧКИТЕ РЕКВИЗИТИ

ПЕХЧЕВО ОД ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ СЕ УКРАСУВА СО ПОСТОЕЧКИТЕ РЕКВИЗИТИ
декември 17 16:12 2021

Од понеделник започнува новогодишното украсување на централното градско подрачје во Пехчево

Новиот градоначалник Александар Китански докажа дека може поинаку и дека и без недомаќинско трошење на парите на жителите на Пехчево, како во претходните години, може да се украси како што заслужуваат жителите на општината.

Китански истакнува дека во услови на здравствената и економска криза пари за нови реквизити нема да се трошат, а ќе се украсува само централното градско подрачје.
Во услови на здравствена и економска криза предизвикана од пандемијата со Ковид 19, а и енергетска криза со која се соочуваме во моментот, а со цел да се заштедат финансиски средства, локалната власт одлучи украсувањето да се реализира што се вели без пари, во однос на изминативе години. Пехчево од понеделник ќе се украсува за без пари, односно со постоечките реквизити кои се сопственост на општината,, што значи дека за новогодишниот изглед на градот нема да биде потрошен ниту денар, рече градоначалникот Китански.

Очигледно не биле потребни големи суми, ниту тендери туку само малку добра волја за Пехчево да светне во новогодишниот сјај.

Инаку, според планираното украсувањето во Пехчево треба да заврши до четврток.