ПЕКЕВСКИ ОД СМОЈМИРОВО: ГРАДЕВМЕ ПОСВЕТЕНО И ОТЧЕТНО, РАЗЛИКАТА Е ОЧИГЛЕДНА АКО САКА НЕКОЈ ДА ЈА ВИДИ

ПЕКЕВСКИ ОД СМОЈМИРОВО: ГРАДЕВМЕ ПОСВЕТЕНО И ОТЧЕТНО, РАЗЛИКАТА Е ОЧИГЛЕДНА АКО САКА НЕКОЈ ДА ЈА ВИДИ
октомври 09 18:54 2021

Денес градоначалникот и кандидат на СДСМ и Коалицијата заедно со кандидатите за листата на советници беа во Смојмирово каде пред граѓаните дадоа свој отчет за сработеното овие четири години и ги презентираше проектите што ги има планираниот за вториот мандат.

„Зад нас е период на добра соработка, се надевам сите ќе се согласите со мене,  почитување и нови вредности. Поставивме нови цели, изградивме нови темели и тргнавме напред. Ја вративме довербата кај луѓето, инвестиравме по приоритети и не исклучувавме никого. Создадовме Локална самоуправа во служба на граѓаните и нивните потреби.
Од секојдневните средби, кои ние како коалиција ги остваруваме, можеме да забележиме дека граѓаните на Берово се задоволни од сработеното, тоа постојано го истакнуваат, особено што сите знаеја дека Берово беше презадолжена општина, нејзиниот вкупен долг, кога дојдов на функцијата Градоначалник, беше колку едногодишен општински буџет. Четирите години работевме чесно, отчетно, транспаретно и со план.
Успеавме да ја раздолжиме општината, да ја направиме ликвидна и стабилна, а во исто време да градиме од Двориште до Берово и од Берово до Митрашинци и тоа градевме капитални проекти, во интерес на сите граѓани на Општина Берово.“, потенцираше Пекевски.

Тој истакна дека во овој четиригодишен мандат имаше проекти кои директно го унапредија квалитетот на животот на жителите на Смојмиворо и тој ритам планира да продолжи и во иднина.

„Еден од капиталните проекти кои се реализираше во овој четиригодишен мандат, а го подобри квалитетот на живот на жителите од село Смојмирово е улицата од регионалниот пат до црквата во селото. Потпишан е договор и за реконструкција на главната улица во селото, улуцата Маршал Тито. Направена е дел од водоводната линија во селото. Реконструкцијата на дел од регионалниот пат Берово – Виница и Берово – Делчево го подобри квалитетот на патната инфраструктура кои се придобивка за жителите на општината.

Освен во инфраструктура вложувавме и во подобрување на комуналната инфраструктура. Ги подобривме капацитетите на  Јавното комуналното  претпријатие, набавивме нови возила што исто така влијае во подобрување на квалитетот на комуналните услуги за граѓаните. Набавивме нови контејнери и го подобруваме собирањето на комуналниот отпад.
Исто така поставени се фотоволтаици на пречистителната станица за отпадни води затоа што зелената агенда е наш приоритет, а ги намалуваме и трошоците за функционирање на истата.“, елаборираше за проектите Пекевски.

Тој се осврна и на кампањата на своите политички противници ВМРО – ДПМНЕ кои заради немањето на свои планови и идеи единствено се обидуваат да ги девалвираат работите кои досега се направени а тие нормално не сакаат да ги видат.

„Мојот противкандидат од редовите на ВМРО ДПМНЕ,  затоа што таа, во својата програма, во најголем дел, ветува тоа што или веќе е направено, или е невозможно да се направи.  На пример за Мачево ветува изградба на фекална канализација, а не се информирала дека за изградба на фекална канализација во Мачево, веќе е потпишан договор за добиените средства од владата на РСМ и во тек е изготвување на одобрение за градба и прашање на време е кога ќе почне да се гради. За неа во Берово еден од најважните проекти е изградба на модерен парк на Јуовец, што и не е лоша идеја, напротив би било прекрасно, затоа што многу генерации имаат спомени за овој дел од градот, но повторно не се информирала дека таму нема земјиште кое е во сопственост на општината, на кое би можело да се изгради истото.“, истакна Пекевски.

Пекевски порача дека СДСМ докажа дека е Најдоброто за Берово, најдоброто за секоја општина, најдоброто за МАкедонија. Ги повика жителите на Смојмирово на 17 октомври со заокружување на број 12 да го изберат најдоброто за себе, да ја поддржат демократијата, проектите и напредокот наспроти гипс картонот, бронзата, режимот и крадењето.