Карванот на вечерва беше во селото на славните „бамбурци“, Ратево.
Пекевски потенцираше дека Ратево секогаш било на страна на слободата, на страна на напредокот, го бирало и ќе го бира најдоброто за себе.
„Вечерва ќе потсетам што во изминатиот период направивме за Ратево. Ги направивме улиците 1 Мај и крак од улица Маршал Тито.Оваа година го реконструиравме и подрачното училиште: ја заменивме старата метална столарија со нова енергетски ефикасна ПВЦ столарија, стариот дрвен под го заменивме со плочки и ламинат. Училиштето е избелено и ставени се вариолаит завеси за удобен престој на најмалите во училиштето. Тие се нашиот приоритет.Го подобривме уличното осветлување и во Ратево како и во останатите делови од општината.Донесовме Детален урбанистишки план за Ратево како и за три други села. Тоа е услов за развој на секое населено место.Го подобривме организираното собирање на комуналниот отпад, се поставија контејнери на повеќе локации, а во наредните недела или две ќе се постават и нови затоа што општината набави 130 нови контејнери кои ќе бидат соодветно распоредени, со што значително ќе се зголеми ефикасноста во собирањето на отпадот. Чистата животна средина и чистење на дивите депонии ќе биде наш приоритет и во следниот четиригодишен мандат.“, ги потенцираше сработените проекти во првиот мандат Пекевски.
Пекевски потенцираше неколку проекти кои се планирани за Ратево во следниот период како улиците, „Илинденска“ и „Гоце Делчев“, канализацијата, пристапните патишта до имотите на граѓаните.
Тој секако повторно се осврна на својот политички противкандидат која според него почна да ветува работи кои се веќе остварени или за кои нема надлежност општината и не е таа која може да ги ветува.
„Вчера на нејзиниот профил не во живоп бидејќи не може да собере тројца луѓе, ја презентираше социјалната, здравствена и противпожарна заштита и во неа го ветува тоа што веќе постои и добро функционира во сферата на социјалната заштита. Не верувам дека е толку неинформирана и покрај нашата транспарентна и отчетна работа токму во социјалната заштита. За здравствената заштита ветува работи кои воопшто не се општинска надлежност, а за противпожарна заштита не ветува ништо, иако и стои во насловот. Навистина мојот противкандидат кога ја пранирала програмата требало да го прочита барем законот за локална самоуправа и да види кои се општински надлежности затоа што тоа граѓаните веќе го знаат и ќе го разберат нејзиниот несериозен пристап.“, истакна Пекевски.
На крај тој ги повика граѓаните, да го изберат Најдоброто за себе, Најдоброто за Берово, Најдоброто за Ратево.
„Во рамките на програмата за подобро утре за нас и за идните генерации, за поквалитетен живот на сите наши граѓани, Ве повикувам, на 17 Октомври да излеземе на избори и да го заокружиме бројот 12 за советничката листа чиј носител е Стево Суџуковиќ и 12 за листата за Градоначалник за Звонко Пекевски, да го избереме најдоброто за Берово, за Ратево, да продолжиме со развојот и напредокот на Општина Берово. Да сте ми живи и здрави да ни е вечно Ратево, да ни е вечно Берово!“