ОТВОРЕН ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ПРИРОДАТА ВО ПЕХЧЕВСКО НЕГРЕВО.

септември 25 22:30 2018

Едукативен центар за зачувување на природата, денес отпочна со работа во пехчевското село Негрево, поддржан од Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој е координиран од Фармахем.Едукативниот центар е од особено значење за овој регион и државата, а со реконструкцијата на старата училишна зграда во с.Негрево, внатрешниот и надорешниот дел се адаптирани за потребите на современ и интерактивен едукативен процес  на учениците и сите посетители кои во следниот период ке дојдат и ке го посетат центарот а исто така претставувава голема туристичка атракција истакна градоначалникот на Пехчево Драган Тренчевски.

Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули истакна дека овој едукативен центар е најва за еден поширок проект каде во следниот период ќе се дефинираат два значајни заштитени локации .

На свеченото отварање на Едукативниот центар за зачувување на природата, присуствуваа исто така и заменик министерот за образование градоначалниците од овој регион, пратеници како и амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија  Сибил Сутер Техада која најави продолжување на поддршката за проектите за заштита на подрачјата околу Брегалничкиот регион.

Како што истакна заменик министерот за образование и наука Петар Атанасов, едукативниот центар за зачувување на природата во село Негрево во следниот период ќе биде корисен ресурс за основните и средните училишта, за спроведување на еднодневни екскурзии, како и за конференции, предавања и научни собири што се однесуваат на природата, нејзиното зачувување и подобрување на односот на човекот кон природата.

Отворањето на Едукативниот центар за зачувување на природата ќе даде придонес за одржлив развој и интегрирано управување со природните ресурси, но исто така ќе има и економски придобувки за локалната самоуправа и населението. Програмата за зачувување на природата во Македонија е креирана со цел да и помогне на Република Македонија во зачувување на големата биолошка разновидност и природните екосистеми преку промоција на нивното одржливо користење и управување.