Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански потпиша Меморандум за соработка со в.д. Директорот на ЈП Комунална Хигиена – Скопје, Косана Николиќ Мазенва. Меморандумот за соработка има за цел да воспостави ефикасна, континуирана и координирана соработка во однос на развојот на стручното образование и обука, усовршување и оспособување на учениците на локално и национално ниво.
Потпишаниот Меморандум за соработка има за цел имплементација на образовните програми во ООУ „Ванчо Китанов“ во Општина Пехчево, преку спроведување на практични обуки, каде учениците непосредно ќе имаат можност да го следат целокупниот процес на работа преку нивните ментори и да изведуваат практични обуки.