ОПШТИНА БЕРОВО СЕ ВКЛУЧУВА ВО ВТОРАТА ФАЗА НА ПРОГРАМАТА РОМАКТЕД

ОПШТИНА БЕРОВО СЕ ВКЛУЧУВА ВО ВТОРАТА ФАЗА НА ПРОГРАМАТА РОМАКТЕД
декември 10 15:19 2021

Во рамките на Ромактет програмата, втора фаза, Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, денеска, потпиша меморандум за соработка со Министерството за труд и социјална политика и Совет на Европа.

Основна цел на Програмата е  поддршка и интеграција на Ромите на локално ниво,  како и  изградба на  политичка волја и одржлив политички ангажман на локалните власти за подобрување на демократското владеење и зајакнување на локалните ромски заедници а истата финансиски е поддржана од Европската Унија.

Обраќајќи се пред присутните, Градоначалникот Пекевски, упати благодарност на сите кои дадоа свој придонес, Општина Берово да ја продолжи соработката  за подобрување на животот на ромската заедница во Берово, во рамките на РОМАКТЕД Програмата.

Тој додаде дека општината и досега спроведува повеќе активности, со цел да се подобри животот на граѓаните од ромската заедница и денешниот меморандум е продолжување на заедничкото решавање на проблемите.

Зајакнувањето на ромската заедница- на индивидуално ниво, како и на ниво на заедница, проширувањето и подобрувањето на посветеноста, капацитетите, знаењето и вештините на инсититуциите,  во работењето на инклузија на Ромите, во рамки на втората фаза од Ромактед програмата, ќе дадат силен придонес кон подготовка на активности за локален развој, кои имаат за цел да го подобрат квалитетот на живот на Ромите на долг рок.

Во рамките на Програмата, предвидено е консолидирање и проширување на напорите за подобрување на интеграцијата на ромското население во Берово, преку зголемено учество во креирањето на локалните политики и спроведување на локалниот акциски план, со што ќе се зајакне демократското учество, отчетноста, инклузивноста и одговорноста кон ромските граѓани, а преку тоа тие ќе добијат и подобрена испорака на услугите.

  Категории: