Врз основа на член 6 од Правилникот за награди и откуп на фотографии–фото предизвик за млади со мотиви од пејсажи, активен туризам и туристички локалитети во Општина Берово, со број 09-4089/1 од 30.11.2021 година („Службен гласник на Општина Берово“ бр.3/2021 од 01.12.2021 година), a во согласност со Г2 Програма за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Берово за 2021 година со бр.09-4042/1 од 15.12.2020 година, Комисија за спроведување на наградниот конкурс во Општина Берово објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за награди и откуп на фотографии –фото предизвик за млади со мотиви од пејсажи, активен туризам и туристички локалитети во Општина Берово
1.Опис на јавниот повик
I
Предмет на Јавниот повик е откуп на фотографии со мотиви од пејсажи, активен туризам во делот на планинарење, велосипедизам, и други активности во природа како и културно-историски споменици, традиции, фолклор, манифестации, природни убавини и туристички локалитети од Општина Берово како туристичка дестинација, со цел зголемување на туристичката понуда во согласност со Г2 – Програмата за поттикнување и развој на туризмот на општина Берово за 2021 година.
Општина Берово согласно програмата за поттикнување на развојот на туризмот за 2021 година има определно средства за наградниот фонд „фото предизвик за млади“ за три награди и тоа за прво место 30.000 денари, второ место 20.000 денари и трето место 15.000 денари за најдобро креиран промотивен материјал-фотографии за туристичка промоција на општина Берово од буџетската сметка.
II
На јавниот повик право на пријавување имаат сите заинтересирани млади лица од 18 до 32 години кои се жители на општина Берово, кои се занимаваат со изработка и продукција на фото и видео материјал, а кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик и Правилникот за награди и откуп на фотографии –фото предизвик за млади со мотиви од пејсажи, активен туризам и туристички локалитети во Општина Берово.
3.Услови што треба да ги исполни барателот
III
Наградата и откупот ќе се реализира со:
IV
Потребните документи за пријавување да бидат доставени во затворен плик каде што во горната лева страна ќе биде означено НЕ ОТВАРАЈ, додека пријавата да биде прикаченa на самиот плик на кој ќе може да се направи прием во архивата на Општина Берово, а доколку пријавата се доставува по пошта истата да биде доставена со доказ (повратница) на ул: Димитар Влахов бр. 10, 2330 Берово. На пликот треба да е наведено: ”Јавен повик- фото предизвик за млади”.
Апликантите треба да ги достават следните документи:
Пријавата на Јавниот повик-награден фото предизвик за млади, заедно со потребната документација се поднесуваат до Комисијата во архивата на Општина Берово на ул. Димитар Влахов бр.10 Берово, за време траењето на повикот од 7.30 до 15.30 часот, во затворен плик.
V
Постапката за откупување на фотографиите со мотиви од пејсажи, активен туризам и туристички локалитети во Општина Берово ја спроведува комисија формирана од страна на Градоначалникот на Општина Берово.
Комисија за спроведување на наградниот конкурс, е составена од претседател и 4 члена со нивни заменици со следните надлежности:
По донесеното решение за избор, добитниците во рок од 10 дена треба да достават:
Согласно решението за избор, Градоначалникот потпишува договор со кој ќе се регулираат меѓусебните права и обврски со важечките прописи и позитивните законски одредби.
VI
Решението за рангирање на пријавите го донесува Градоначалникот, врз основа на извештајот од страна на Комисијата.
Апликантите кои нема да бидат избрани на повикот ќе бидат известени во рок од 15 дена од конечниот избор. Со објавувањето на резултатите општината нема обврска да ги врати фотографиите на апликантите, освен по поднесени барања од нивна страна.
Рокот за поднесување на апликацијата е до 11.01.2022 година,а пријавата на јавниот повик поднесителите можат да ја најдат на официјалната веб страна на Општина Берово www.berovo.gov.mk.
ПРИЈАВА за откуп на фотографии
ИЗЈАВА за откуп на фотографии