ОПШТИНА БЕРОВО ДОДЕЛИ ОПРЕМА НА КОРИСНИЦИТЕ НА СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ

ОПШТИНА БЕРОВО ДОДЕЛИ ОПРЕМА НА КОРИСНИЦИТЕ НА СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ
август 31 14:46 2022

Со одлука на Советот на Општина Берово која едногласно беше прифатена од страна на  советниците, денес беше доделена опрема на корисниците на социјални услуги.

Целта на оваа акција како што истакнаа од општина Берово е да се поттикне хуманоста и емпатијата во локалната заедница, но и да се помогне онаму каде што е потребно.

Заложба и приоритет и понатаму остануваат најранливите категории на граѓани, кои заслужуваат да имаат пристоен  живот.

Локалната самоуправа ќе продолжи и понатаму да работи на унапредување на социјалната заштита на локално ниво, како преку организирање на хуманитарни активности, така и преку различни алатки преку општината.

  Категории: