ОПШТИНА БЕРОВО АНГАЖИРА ЛИЦА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ЈАВНИ РАБОТИ.

ОПШТИНА БЕРОВО АНГАЖИРА ЛИЦА  ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ЈАВНИ РАБОТИ.
јули 01 22:27 2021

Денеска почнува работниот ангажман на лицата кои се анажирани на определено работно време од 22 работни денови, за извршување на јавни работи, врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработувањ⁸е и услуги на пазарот на трудот за 2021 година, усвоен од Владата на РСМ,  преку  Програмата за работно ангажирање – Јавни работи, финансиран од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, со кофинансирање од општина Берово.

Околку 20 лица, добија платен ангажман за уредување на паркови и зеленила, јавни површини, чистење и метење, расчистување на дивите депонии , како и грижа за јавната чистота и зеленило.

Искуствато од ваквиот тип на ангажирања секогаш давале позитивни резултати, и значително се забележува бенифитот од ваквиот вид на активности, како за самата општина, за околината и имиџот, така и за финансискиот бенифит на самите ангажирани невработени лица, имајќи ги во предвид и последиците од пандемијата со КОВИД 19.

Исто така ќе се подобри градската чистота, ќе се овозможи попријатно место за живеење и поудобен престој за гостите-туристи, ќе придонесе кон намалување на загадените површини, ќе имаме задоволни граѓани и гости, што само по себе ќе ја подигне еколошката свест на граѓаните и грижата за здрава и чиста животна средина како и целокупниот имиџ на општина Берово.

Овој проект е дел од активностите кои се предложени како директни барања од граѓаните, бизнис заедницата и реакциите на туристите и дирекно влијае за создавање на почиста слика за Берово, кое нешто е во насока на развој на туризмот што претставува еден од столбовите и стратешки приоритет за развој на општината.

  Категории: