На 25 октомври (понеделник) во 8.00 часот ќе се одржи онлајн предавање со наслов „Композиторите на македонското филмско платно“ во Берово и Малешевијата. Настанот ќе го во води проф. д-р Александар Трајковски, чија тесна специјалност е токму македонската филмска музика, а модератор на пeдавањето ќе биде Бистра Георгиева. Целта на предавањето е афирмација на жанрот филмска музика (поконкретно, домашната) и е насочено кон помладата популација. Со неговото реализирање, ќе се овозможи промовирање на најновите достигнувања од областа на македонската филмска музика, зголемено информирање на младите за посочената тематика, воспитување и градење на вкусот на младите луѓе, како и развивање на нивните способности за естетско расудување и издвојување на убавото во уметноста.
Во рамките на предавањето, ќе биде претставена анализа, која ја опфаќа музиката во играните филмови од 1952 година, па сè до денес, надополнета со повеќе аудио-визуелни презентации. Направен е богат избор од најистакнатите филмски дела, од кои се издвоени филмски сцени илустрирани со музика. На тој начин, слушателите ќе имаат можност директно да се запознаат со темата која што претставува предмет на елаборација. Во последниот дел од предвањето ќе има отворена дискусија, на која слушателите ќе имаат можност да му поставуваат прашања на предавачот, со што, суштински ќе се продлабочат нивните интереси и ќе се добијат одговори на сето она што ги интересира. Предавањето e поддржано од Министерството за култура, а ќе биде отворено и за сите други заинтересирани кои сакаат да се приклучат.
Линк за настанот: https://us02web.zoom.us/j/81449510785?pwd=K3FWVllvU3YwSjl0RjU3RlQ2SHloZz09Meeting ID: 814 4951 0785Passcode: 056600