ОК ВМРО-ДПМНЕ Берово, денес излезе со соопштение и како што велат разобличување на блиските партиски членови на партијата на власт на локално ниво во Берово, каде во продолжение на приказната ги истакнуваат вработувањата и по неколку доделените функции на партиските членови добиени преку партиска заслуга. Еве ја во продолжение реакцијата на ОК ВМРО-ДПМНЕ Берово:
Продолжуваме онаму каде што застанавме, со разобличување пред граѓаните на елитата на власт во Берово, која инаку толку силно се труди да го потенцира своето транспарентно и отчетно работење, да се почуди човек дека се испотепа овој Пекевски од работа. Се испотепа де, ама од службени патувања и од правење дневници, оти поисплатливо е со општинската кола да се носат документите по Скопје и самиот градоначалник да биде поштар, отколку да се праќаат по пошта.
Економист е тој, си ја знае добро математиката, немој случајно да сте помислиле дека не ја знае.Власта сосема има изгубено контакт со реалноста. Како инаку да објасниш дека среде светска криза социјалдемократската влада решила да штеди баш на студентите. И тоа на храната. И тоа од храната за најсиромашните студенти. А пак локалната власт во Берово уште толку повеќе губи контакт со реалноста. Или губи контакт со одредени свои партиски членови, па затоа еден човек од нивните може да биде човек за се’.
Таков е Претседателот на локално ниво во СДММ, човек за се во партијата. Од диструбитер на електрична енергија, до снимател, до возач на градоначалник, шеф во ЈПКР, инкасатор во истото, тренер во Малеш и што ли уште не. Универзален човек, милина. Простете ако нешто сме испуштиле, ненамерно е. Во догледно време сигурно и некој наставник по физичко образование ќе стане, само да си ја досреди дипломата. Е драга моја беровска црвена буржоазијо, затоа младите си заминуваат од овде со карти во еден правец.
Неговиот пак претходник, успеа да биде и советник, и да се вработи во шумската полиција за да гони шумски криминал во Македонски Шуми. Таткото на неговата сопруга е главен шумар во Македонски Шуми. Има се, може се. Кадија те тужи, кадија те суди. Оние семејните бизниси де, да не подзаборавите. Тоа е таа Ваша незаситност црвени буржуи беровски, поделени по кланови, само за лични интереси и сопствено богатење. Обичното население не е достојно за Вас да ги пополни работните места, Вашите функционери со несоодветни образованија се многу подостојни.
Народната вели: Два брата, два ортака, фирма јака… сдсовската елита и таа ја имплементираше во стварноста. Поради партиска заслуга за изборите, освен што е член на извршниот комитет на СДС во Берово, тој стана и командир на смена и командир на единицата на ТППЕ. Семејната распределба на функции и тука продолжува по истата линија, едниот брат командир на ТППЕ, другиот брат главен во МВР во Берово. Способност е во прашање, не друго.