ОД ДЕНЕС ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ОД 21,СЕ ОТВАРААТ И ТЕРАСИТЕ НА КАФЕАНИТЕ.

ОД ДЕНЕС ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ОД 21,СЕ ОТВАРААТ И ТЕРАСИТЕ НА КАФЕАНИТЕ.
април 28 08:35 2021

Од денеска стапуваат на сила новите мерки за заштита од ковид-19, кои вчера, по препорака на Комисијата за заразни болести беа усвоени од Владата.

Тие содржат делумни олеснувања кои се однесуваат на забраната за движење, која наместо како досега од 20 часот, ќе почнува од 21 часот и нема да важи за претстојните празници, Велигден и Рамазан, ноќта меѓу 1 – 2 мај и меѓу 13 – 14 мај.

Од денеска се отвораат и терасите и градините на угостителските објекти, кои изминатите три недели беа затворени, а според вчерашната одлука и рестораните регистрирани за прослави ќе можат да работат на отворено, но нема да можат да организираат свадби, родендени, крштевки и слично.

Сите овие објекти ќе може да работат до 20:30 часот.

Угостителските објекти на меѓународните аеродроми, како и во објектите за сместување (хотели, мотели, хостели, пансиони и друго) ќе можат да работат како и досега.

Во новиот пакет рестрикции кои ги усвои Владата од денеска престанува да важи забраната за организирање и одржување на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани од ваков тип.

  Категории: