ОДРЖАН МУЗИЧКИОТ НАСТАН ВО БЕРОВО ПОПОВОД ЗАВРШУВАЊЕТО НА УЧЕБНАТА ГОДИНА

ОДРЖАН МУЗИЧКИОТ НАСТАН ВО БЕРОВО ПОПОВОД ЗАВРШУВАЊЕТО НА УЧЕБНАТА ГОДИНА
јуни 20 21:59 2024

Прекрасен настан беше одржан вечерва на летната сцена во Берово, каде што по повод завршувањето на учебната 2023/2024 година, Општина Берово, додели парична награда од 5.000,00 денари, на сите учениците кои завршуваат основно и средно образование, а кои во текот на своето школување имаа континуирано одличен успех 5,00.

Настанот го отворија децата од детската градинка ,,23 Август”, од групите пред поаѓање на училиште, со преубавата македонска песна „Лична Македонијо“, а имавме можност, да ги проследиме и другите групи, со извонредно блескави и весели сценски настапи.

Присутните ги поздрави градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, кој упати благодарност до единките кориснички на Општина Берово , Детската градинка ,,23 Август”, ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски”, ООУ ,,Никола Петров Русински” и ОСУ ,,Ацо Русковски”, со чија поддршка е организиран овој настан. Тој упати честитки на сите ученици за постигнатиот успех во текот на учебната 2023/2024 година, нагласувајќи дека целта на организација на овој настан е да се вредни трудот на учениците кои завршуваат основно и средно образование, а кои во текот на своето школување успеале да постигнат врвни резултати, но и да се мотивираат сите ученици да постигнуваат поголеми успеси.

На настанот, од страна на Директорите на училиштата, на учениците, беа доделени пофалници.

Понатаму присутните дечиња и родители имаа можност да ги проследат главните актери од тинејџерската серија ,,TEEN CAMP”, под продукција на Цаци Пековска и секако настапот на беровскиот DJ BONO.

Во продолжение погледнете фотографии од настанот:

  Категории: