Ниту две минимални плати не се доволни за преживување на четиричлено семејство.

Ниту две минимални плати не се доволни за преживување на четиричлено семејство.
август 09 17:49 2020

Две минимални плати не се доволни за едно просечно семејство да го помине месецот. Минималецот изнесува околу 14.900 денари. За да преживее едно домаќинство ќе треба да обезбеди уште допонители 3000 денари.

На четиричлено семејство во јули му биле потребни 33.265 денари за основните потреби. Од оваа сума дури 74% одат на храна и сметки. Престемката на ССМ за минималната потрошувачка кошничка минатиот месец покажуваат дека една минимална плата е потребна на едно семејство само за да се нахрани. За да си ги плати сметките потребни му се уште 10.500 денари.

Од почетокот на кризата дел од работниците останаа без работа, добар дел живеат на минималец  14.500, а просечната плата во земјава се намалува. Пред затворањето на економијата, февруарската плата, испалтена во март изнесуваше 27.206 денари. Последниот податок за просечната плата од статистика е за мај кога изнесувала 26390 денари или помала е за над 800 денари.  Трошоците пак се зголемиле за 350 денари, а оваа разлика најмногу отишла за храна.

Од овој месец, кошничката дополнително ќе расте посебно за сметки откако од 01 август поскапе струјата за 7,42%.

За ССМ зголемувањето на цената на струјата е доплнителен удар на стандардот на работницте во земјата и затоа бараат или да биде поништена одлуката за поскапување или да се зголемат сите плати и пензии за ист процент.

Извор:Сител Тв

  Категории: