НВО ,,КХАМ” и Општина Пехчево се вклучија во одбележувањето на Европската недела на имунизација

НВО ,,КХАМ” и Општина Пехчево се вклучија во одбележувањето на Европската недела на имунизација
април 30 12:19 2022

Невладината организација ,,КХАМ” од Делчево започна со реализирање на предвидените активности во рамки на одбележувањето на Неделата на имунизација. Примарна цел на активностите со кои ќе бидат опфатени дел од општините во Пијанечко-малешевскиот регион и селото Црник, како што информираше координаторот Зоран Биковски е подигање на свеста за имунизацијата, но и приближување на општинските и здравствените власти да бидат поблиску до граѓаните, со цел поголема доверба во здравствениот систем.

-Денеска сме во селото Црник и Пехчево каде посетивме вкупно 15 домови каде има семејства со новороденчиња кои потпаѓаат или во рурални средини или во социјален ризик. Во рамки на овие активности освен првичната цел, сакаме да поттикнеме луѓето да бидат поодговорни кон своето здравје, бидејки сведоци сме дека имавме Ковид криза и затоа сега е моментот сите да водиме поголема грижа за своето здравје, рече Биковски.

Општина Пехчево оваа година по деветти пат се вклучи во одбележувањето на Европската недела на имунизација од 24 – 30 Април. Одбележувањето на Европската недела на имунизација како што истакна градоначалникот Александар Китански е со цел да се изврши информирање односно едукација на населението за потребата од вакцинирање, а особено внимание се обрнува на невакцинираните деца.

-Општината во соработка со ЈЗУ „Здравствен дом Д-р Иван Ѓеоргиев“ – Пехчево и НВО „КХАМ“ – Делчево по повод Европската недела на имунизација, посети неколку семејства на деца родени во периодот од април 2021 до април 2022 година, односно беа посетени вкупно 16 семејства од кои 6 се од ромска националност. Дониравме 10 хигиенски пакети на новородени дечиња во периодот од Април 2021 до Април 2022 година, а НВО „КХАМ„ од Делчево донираше хигиенски пакети на 6 ромски семејства. Целта на оваа информативна кампања во рамките на Европската недела на имунизација е, да се информира населението за значењето на вакцините и како вакцинирањето доведува до намалување на ширење на заразни болести и спречува смртен исход или инвалидност. Исто така преку оваа кампања се постигнува поголема информираност на родителите зошто е потребно да ги вакцинираат нивните деца со цел да се спречат ширење на епидемии, рече Китански.

Патронажната сестра Ружа Вазлиска која е дел од тимот за одбележување на недела на имунизација во Општина Пехчево кажа дека со вакцините и вакцинирањето се постигнува колективен имунитет и стабилен епидемиолошки статус.

Активностите во рамки на Неделата на имунизација невладината организација КХАМ од Делчево ја спроведува по 12 пат, а истите ќе продолжат во Општините Виница и Делчево.

Видео од активностите на линкот во продолжение:

https://fb.watch/cILc3vEk6p/

  Категории: