НА 27 АВГУСТ ВТОРОТО ИЗДАНИЕ НА ЕЛЕКТРОНСКАТА ЖУРКА„BEROVO SOUND WAVE“ ПОД ОТВОРЕНО НЕБО

НА 27 АВГУСТ ВТОРОТО ИЗДАНИЕ НА ЕЛЕКТРОНСКАТА ЖУРКА„BEROVO SOUND WAVE“ ПОД ОТВОРЕНО НЕБО
август 19 18:13 2024

Група на млади ентузијасти, истомислиеници во соработка со беровскиот портал Малеш Нет, на 27 Август во градскиот парк во Берово, ја организираат втората едиција на културно-електронската журка насловена „Berovo Sound Wave“. По позитивните впечатоци од претходната година на сите присутни, каде исто така беше организирана журка под отворено небо за празникот на градот Берово 23 Август, овој пат организаторите со збогатена програма и настап на неколку врвни диџеи од Македонија.

-Позитивно бевме изненадени не само ние туку и публиката и целиот наш град Берово претходната година, каде организиравме електронска журка поповод ослобудувањето на нашиот град Берово. Нашиот град пред 10 години важеше за одлично место и главна дестинација на итокот за ваков тип на забави, каде викендите сите клубови и дискотеки беа полни со луѓе од цела Македонија и каде беше презентирана електронската музичка сцена. Но сега е се друго, се е сменето и се презентира турбо фолк правец, (кој за мене не е ниту правец, ниту музика) која е распорстранета меѓу младите, бидејќи нема понуда по беровските клубови од светските музички правци како што е хаус и техно и многу други. Знаеме како беше на времето овде и баш затоа неколку истомисленици и носталгичари по убавите времиња, сакаме да направиме нешто за нашето Берово и да им понудиме на младите па и постарите генерации еден квалитетен звук и журки под отворено небо, каде ќе се шири љубовта, убавата музика, слободата и взаемната дружба, како и да се изнаиграме и опуштиме сите заедно, а со тоа секако пак ја збогатуваме и културната понуда на нашиот град како одлична дестинација за забава – вели Дј Сене еден од организаторите на настанот.

Програмата на второто издание на електронската забава во беровскиот парк, ќе започне од 20 часот, па се до раните утрински часови. Голем број на помагатели изразиле желба да го помогнат овој настан, кој навистина недостасува во градот Берово.

-Вечерта ќе настапат неколку дџ артисти меѓу кои харизматичната диџејка Ана Нудл, која е препознатлива со одличните забави насекаде во државата, потоа познатиот струмички диџеј Игор Циге кој несомнено овие две децении насекаде е присутен во Македонија и надвор од границите и е препознатлив по жешките забави на кои има големо присуство на љубителите на електронските звуци. Потоа тука се и локалните диџеи Дидо и младиот Кристиансен, кои се морална поддршка на настанот и го негуваат ваквиот тип на музика. Многу сум среќен дека оставаме добар белег и впечаток на сите граѓани на Берово, кои изразуваат желба да помогнат, а исто така неколку стопнаственици и фирми од Берово, се наши поддржувачи и придонесуваат за да се случи овој настан. Интересот е голем за посета на оваа журка не само од Беровчани туку и од другите градови во Македонија, кои баш овој ден за големиот празник Богородица, традиционално се присутни во огромен број во нашиот град. Редно време е полека да се вратат убавите моменти и забави кои заедно со Диџеј Сене ги имаме многу, а тука е и Дидо, кој исто така е дел од убавата култруно музичка приказна навремето – вели Ем Си Драш, еден од организаторите на настанот.

Журката под отворено небо „ Berovo Sound Wave“ е наменета за секого, кој сака да дојде на одлично парти и убава атмосфера. Влезот е слободен.

Упатуваме благодарност до сите коишто изразија волја да го помогнат настанот до сега, а секој кој сака да даде поддршка слободно може да ја исконтактира редакцијата на Малеш Нет:

  • Ресторан Мрс
  • BIS Sound
  • М-Младост
  • Малеш Бреза
  • Малеш Нет
  • Студио Драш
  • Налепници и Стикери-Берово
  • Апартмани Природа
  • Хотел Манастир
  • Шлеп служба Дидо
  • Бифе „Центар“-Берово
  • Дискотека „Калипсо“ – Берово
  • Панда
  Категории: