На хартија рамноправни, во пракса тепани. Регионот слави уште еден ден на жената.

На хартија рамноправни, во пракса тепани. Регионот слави уште еден ден на жената.
март 10 12:42 2018

На хартија рамноправни, во пракса тепани. Регионот слави уште еден ден на жената, идентичен како и многу досега. Статистиките кои ја одразуваат реалната положба на жената во источниот дел на државата се поразилетни.

Според нив,  75 % од жените работата во непосредното производство со плата од 12.000 денари; дури 16 % од слободното време го минуваат во чистење на станот; а неверојатни 90 % се жртви на некаков вид на семејно насилство:

  • Во моментот кога ќе помине целиот тој процес и дека кога ќе се дојде до процесот на судска разрешница, статистиките покажуваат дека најчесто кога се работи за кривично дело семејно насилство преовладуваат алтернативните мерки за разлика од казните, 57% се алтернативни изречени мерки за разлика од 43 % се казни при кривично дело семејно насилиство, изјави, Доминика Стојаноска Канцеларијата на ОН за родова рамноправност.

Според законите, на жените им се дадени еднакви можности како и на мажот, но прашањето е колку пречки повеќе и се ставени на жената, а колку олеснувања на мажот во остварувањето на правата.

Имено, бројот на дипломирани жени е 58 % од вкупниот број на дипломирани студенти, процентот на жени магистри 58,9 % од вкупниот број магистри. Бројот на жени доктори на наука изнесува 111.

Но, во пракса, во Парламентот и во локалните совети, има квота 30-35 проценти. Но, имаме градоначалнички во само шест од 80 општини. Во надзорни одбори, во управни одбори каде се донесуваат одлуки, жените се во минимален процент, а во дипломатијата нема ниту 10 проценти жени.

За зголемување на овие проценти, Кочани и Делчево денес ја потпишаа Европската повелба за рамноправност на мажите и жените и се обврзаа на нејзина имплементација:

  • Еднаквоста помеѓу жените и мажите е право и придобивка на секое демократско општество. Потпишувањето на оваа европска повелба значи дека и суштински ќе се залагаме за родова еднаквост, изјави Николчо Илијев, градоначалник на о. Кочани
  • Со овој чин на потпишување, Делчево влегува во партнерство со 1450 потписнички во 33 европски земји. Повелбата е преведена на 28 јазици и таа е единствен документ воспоставен во тесна соработка со националните асоцијации на европски општини и региони, изјави, Горан Трајковски, градоначалник на о. Делчево
  • Потпишувањето на повелбата денес е од голема важност, но уште поважно е правилата и принципите кои ги содржи оваа повелба за рамноправност. Понатаму да се имплементираат во сите институции и организации на територијата на Општината која е потписничка на оваа повелба, изјави, Јулијана Крстева координаторка на Комисијата за еднакви можности во о. Делчево

Во текот на народноослободителната борба во редовите на  партизанските одреди се бореле повеќе од 100.000 жени, од кои околу 25.000 биле убиени:

  • Кои во текот на НОБ, рамо до рамо со посилниот пол, мажите, се рамноправно бореа за денешната слобода. Сега се наоѓаме пред бистата на Вера Циривири-Трена, а Штип има дадено и други борци жени за слободата на Македонија, изјави, Трендафил Атанасовски, прет. на Здруж. на борци – Штип

Мегдан за подобрување на условите има многу, но како и секоја година и оваа, меѓународниот ден на жената кај нас се сведе на пригодна манифестација:

  • Имаме едно мало коктелче, но тоа е чисто поради внимание, но многу сме задоволни затоа што дечињата ни се сега во посета и ни поклонија по еден цвет, изјави, пензионерка
  • За мене само празнико е еден цвет и да се дружиме. И да оставиме традиција на младите да знаат да го почитуват празникот, изјави, пензионерка

Не изостана нити вниманието од посилниот пол:

  • Сакам да ја искористам оваа прилика да го честитам овој празник на сите наши дами во Општина Штип и да посакам да бидат активно вклучени во идниот период во развојот на Општина Штип и Р.Македонија, изјави, Благој Бочварски, градоначалник на о. Штип
  • 8-ми март е денот кој што ја означува борбата на жените за политичката, економската и социјалната рамноправност со мажите. Денес жените се еднакви во донесувањето на одлуките но и во дејствувањето на сите сфери во општеството, но исто така, тие се и значаен фактор во враќањето на правдата и праведната држава, изјави, Никола Тушев, прет. на СДСМ
  • И од името на пензионерите им го честитаме празникот 8ми март на жените. Да имаат добро здравје, добра среќа и се најдобро во оваа 2018 година, изјави, Коста Штерјов, секретар на Здруж. на пензионери – Штип

Инаку, традицијата на слевење на 8-ми март датира од 1908 година кога жените се одважиле да побараат осум часа работно време и еднаква плата, односно зголемување на дневницата. Работи кои на голем број жени им недостигата и денес.

  Категории: